Насловна / Вести / Бока Которска: Бродови на соларен погон за јавен превоз

Бока Которска: Бродови на соларен погон за јавен превоз

Бока Которска пред неколку дена доби нов вид на еколошки јавен превоз – бродови на соларен погон. Два брода, еден на електричен и еден на хибриден погон, се дел од проектот Bella Boka, а ги изградила истоимената компанија со поддршка на Министерството за одржлив развој и туризам, Стопанската комора на Црна Гора и Програмата на Обединетите Нации за развој.

Вкупната инвестиција е 4.259.000 евра, додeка кофинансирањето преку  УНДП e во износ од 150.000 евра. Најголемата предност на овој проект е растеретувањето на патниот сообраќај особено во текот на туристичката сезона. Поради гужвите во сообраќајот од Котор до Херцег Нови во летните месеци се стигнува за час и половина, дури и два часа. Со бродовите на компанијата Bella Boka тоа патување ќе трае 45 минути. Проектот ќе влијае врз намалувањето на нивоата на емисиите на штетни гасови и ќе го поддржи развојот на Црна Гора како одржлива туристичка дестинација.
boka1

boka2

boka3

Испрати коментар

Scroll To Top