Насловна / Архитектура / Twist – ново ремек-дело на BIG

Twist – ново ремек-дело на BIG

Музеј? Мост? Инфраструктура? Овој нов извртуван објект е сето ова заедно во едно!

Проектот на реномираната данска компанија Bjarke Ingels Group (BIG) е дел од Kistefos, индустриски музеј и парк за скулптури во Jevnaker, област околу 80 километри северно од Осло, Норвешка. Новиот скулпторски објект ќе биде домаќин на меѓународната програма на изложбата на современа уметност, а отворањето е закажано за 18 септември оваа година.

twist1

Зградата се вика The Twist, а од рендерите веднаш е јасно и зошто. Фасадата на оваа зграда ротира за 360 степени во својата надолжна оска, и затоа се добива впечаток дека зградата е превртена. Ова се постигнува со застаклениот дел на фасадата која ротира 90 степени, додека остатокот ја следи кривата.

Проектот на музејот е избран за победник на меѓународниот натпревар одржан во 2015 година, а обликувањето на дизајнот е водено од природната средина на паркот и изложените скулптури, со цел да се подобри севкупното искуство на посетителите.

twist

БИГ го опиша новиот објект како „населен мост“, бидејќи музејот со издолжена форма од 1.000 квадратни метри ги поврзува северните и јужните брегови на реката. Пристап до објектот е обезбеден од двете страни.

“Со овој проект успеавме да изведеме експеримент во кој зградата служи и како мост и музеј, кој исто така е дел од инфраструктурата“, истакна Bjarke Ingels, основачот на BIG, за Designboom.

twist2

Kistefos е основана во 1996 година од норвешки бизнисмен и колекционер на дела на Кристен Свеас, токму на местото каде што неговото семејство во минатото извршило работа поврзана со дрвната индустрија. Неговата мисија е да се сочува градежното и индустриското наследство од оваа област и во исто време да создаде простор кој адекватно ќе го претстави најдоброто од норвешката и меѓународната современа уметност.

Kistefos треба да стане дестинација на културата која нужно ќе мора да се посети и тоа не само заради изложбите и паркот кој е со светски признати скулптури кои го надополнуваат богатото индустриско наследство на оваа локација, туку и поради архитектурата на оваа зграда, односно мостот, односно инфраструктурата .

twist3

Испрати коментар

Scroll To Top