Насловна / Архитектура / Bjarke Ingels основа компанија која „ќе го промени начинот на изградба на зградите“

Bjarke Ingels основа компанија која „ќе го промени начинот на изградба на зградите“

Познатото данско име на архитектурата Bjarke Ingels, заедно со Nick Chim, поранешен директор на WeWork, ја основа компанијата Nabr, која ќе произведува широк спектар на достапни модуларни домови. Идејата е да се промени начинот на размислување како куќите се проектираат и изведуваат.

„Куќите стануваат се поскапи за изградба, а очигледно се со се полош и полош квалитет “, вели Ingels, основач на реномираното архитектонско биро BIG.

2_resize

„Има многу малку избори. Деведесет и девет отсто од сите домови во суштина се исти, меѓутоа сите луѓе се различни. Постои огромен потенцијал за преиспитување на целиот овој процес, од почеток до крај“.

Компанијата, основана во Силиконската долина, ќе пружа услуга за заедничко проектирање на концептот на куќата со клиентите, со што би била прилагодена според нивните потреби.

1_resize

Моќта на префабрикација

Компанијата Nabr ќе ги проектира домовите така што тие ќе можат да се состават од низа модуларни елементи кои можат масовно да се произведуваат во фабрички услови.

„Што кога масовното фабричко производство би го примениле на индустријата за изградба на куќи?“, – се прашува Ingels.

„Би можеле да ја прифатиме модуларноста на начин да се максимизира разновидноста на домовите“, продолжува. „Можеме да создадеме систем кој може да се прилагоди на луѓето и нивната околина, а не обратно“.

Куќите кои ќе ги изгради Nabr, велат од компанијата, ќе бидат во корист на нејзините жители.

„Со преиспитување на начинот на кој ги градиме нашите домови и градови, можеме да го направиме здравиот живот стандард не само за поедини граѓани, туку и за заедниците и на крајот за целата планета“, додаде Ingels.

3_resize

Целиот дом поврзан со апликација

Во видеото на компанијата Nabr, може да се видат модуларна зграда со големи тераси исполнети со зеленило. Апликациите ќе ја поврзуваат целата технологија во куќата, вклучително и контролата на светлина, звук и температура во сите простории.

Компанијата ќе го надгледува почетниот развој и дизајн на проекти за домување, а исто така ќе управува со продажба, изнајмување и одржување на станбените објекти.

Nabr има за цел да им понуди на жителите прифатливи решенија за изнајмување и купување недвижен имот со финансиски планови кои обезбедуваат „флексибилен пат до сопственост на дом“.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top