Насловна / Вести / Библиотека во Бруклин со боја на мандарина

Библиотека во Бруклин со боја на мандарина

Скулптурални ѕидови и нијанси на мандарина можат да се видат во библиотека, проект на њујоршкото биро WORKac, сместена во поранешна фабрика за торпеда.

Adams Street Library е првата нова филијала воспоставена од библиотечниот систем во Бруклин по повеќе од 20 години.

1

Сместена покрај East River, под мостот Менхетен, библиотеката е во историска област во четврта Дамбо. Се наоѓа во повеќекатна зграда од 1901 година, која некогаш била фабрика за торпеда, а подоцна и објект за рециклирање.

Зградата денес содржи станови и деловни простори, заедно со библиотеката од 604 квадратни метри, која зафаќа дел од приземјето.

11

„Проектот црпи инспирација од оваа повеќеслојна историја“, велат за Dezeen од бирото Work Architecture Company, познато како WORKac.

„Дијалогот меѓу старото и новото продолжува во целиот простор“.

Оригиналните ѕидови од тули по периметарот, кои се истрошени со текот на времето, оставени се изложени. Влезот е означен со црвено-бела графика на која пишува БИБЛИОТЕКА.

2

„Овој знак беше одобрен од Комисијата за знаменитости, која ја забележа креативната употреба на преседанот кој го поставиле историските насликани знаци во соседството“, вели тимот.

„Видлив од другата страна на East River, дава јасен идентитет и поканува да се дојде во овој витален јавен објект“.

5

Во рамки на библиотеката, историските елементи се мешаат со современи карактеристики. Прозорци високи 4,6 метри внесуваат дневна светлина и овозможуваат поглед на околината.

3

Во неколку области, патинираната тула е во контраст со пикселизирани мурали со тема природа. Тежок дрвен таван е оствен видлив низ заоблени отвори.

4

Просторите се организирани околу централен павилјон со скулпторски ѕидови изработени од лесонит со фурнир од јавор.

Куќиштето има заоблени отвори и ниши за складирање книги и паркирање на колички за бебиња.

8

Во рамките на павилјонот има простор за деца со интензивни портокалови нијанси, скали за седење и играње, и простори за раскажување приказни. Оваа зона е благо подигната, овозможувајќи им на младите да гледаат над главната читална и погледнат кон реката и хоризонтот на Менхетн.

6

Вон централниот павилјон, постои избор на простори и програми наменети за тинејџери и возрасни посетители.

Меѓу нив се отворени области за читање опремени со маси со вградени станици за полнење и две повеќенаменски соби со столчиња што можат да се склопат, маси што се преклопуваат, бели табли и чајни кујни. Дополнителните области вклучуваат и бањи и зона за персонал.

7

Зградата им служи на жителите на Дамбо, заедно со Vinegar Hill и големиот проект за јавно домување наречен Farragut Houses.

На проектот влијаело опсежното делување на заедницата предводено од архитектите.

10

Библиотеката е проектирана  да ги стави „децата во центар“ врз основа на повратните информации од заедницата, што „укажало дека им недостигаат простори и програми за децата, дека тие се важни за жителите во различни населби“, велат архитектите.

13

9

12

Испрати коментар

Scroll To Top