Насловна / Вести / Џеф Безос подарува најголем дел од своето богатство за борба против климатската криза (ВИДЕО)

Џеф Безос подарува најголем дел од своето богатство за борба против климатската криза (ВИДЕО)

Основачот на Амазон, Џеф Безос, вети дека ќе го подари поголемиот дел од своето богатство кое се проценува на 124 милијарди долари.

Во интервјуто за Си-Ен-Ен, кое го даде заедно со својата партнерка Лорен Санчез, Безос рече дека планира најголемиот дел од своето богатство да го вложи во борбата против климатската криза и да донира пари на луѓе кои би можеле да го обединат човештвото.

123

Како најголем предизвик парот го го навел „проблемот како да се поделат парите на вистински начин“, но не откриле поконкретни детали.

Ова е прв пат Безос да даде јавно ветување дека ќе донира пари во добротворни цели, иако претходно се најде на удар на критики затоа што, како еден од најбогатите луѓе во светот, не учествувл во иницијативата The Giving Pledge. Оваа иницијатива, започната во 2010 година, има за цел да ги охрабри екстремно богатите луѓе да го дадат најголемиот дел од своето богатство во филантропски цели.

Да потсетиме, Мекензи Скот, поранешната сопруга на основачот на Амазон, го потпиша The Giving Pledge набргу по разводот во 2019 година и стана еден од водечките филантропи во САД. За само две години таа донирала четири пати повеќе пари за хуманитарни цели отколку Џеф Безос во целиот свој живот.

Испрати коментар

Scroll To Top