Насловна / Архитектура / Бетонски урбан светилник – кулата „Генекс“ во Белград прогласена за културно добро

Бетонски урбан светилник – кулата „Генекс“ во Белград прогласена за културно добро

Кога на крајот на шеесетите години на минатиот век го добил конкурсот за изградба на зграда од 12 ката и месна заедица, архитектот Михајло Митровиќ, веднаш се откажал од тој објект и предложил на истото место да се подигнат две кули по кои Белград ќе биде препознатлив.  И покрај бројните пречки, успеал благодарение на сопствената борба да истрае во својата идеја, па така тогаш главниот град на СФР Југославија но и целиот Балкан ја добиваат најголемата градба од бетон. Темелите на Западната капија на Белград, односно  кулите „Генекс” се положени во 1971 година.

генекс2

Денес ова ремек-дело,  станбено-деловниот центар „Генекс” влезе во семејството на културни добра. Владата на Србија  минатата недела го прогласи овој објект во новобелградскиот Блок 33 за споменик на културата. Митровиќ тоа не го доживеал, умрел во 97-мата година, во  2018 година.  Повеќе од три децении, оваа градба го држела рекордот во височина. На многумина не им се допаѓала, а се нашла и на насловната страна на  каталогот за  изложбата „Кон конкретна утопија: Архитектурата во Југославија од 1948 до 1980”, која беше одржана од јули 2018 до јануари 2019, во Музејот на модерна уметност МОМА во Њујорк.

генекс3

Објектот го сочинуваат две кули со армирано-бетонска скелетна конструкција. Тие се функционално раздвоени на станбена од 30 ката и деловна од 26 ката – поврзани во целина со конструкција во вид на мост на височината на 26-тиот кат. Фасадите се изведени во натур-бетон.  Монументалната градба е подигната  на самиот влез на престолнината од правецот на Белградскиот аеродром, како урбан „светилник” и највидлив мотив на Нов Белград, но и визуелен репер на целиот град.

генекс4

Испрати коментар

Scroll To Top