Насловна / Арт и дизајн / Белгискиот помфрит може да се најде на списокот на светско наследство на УНЕСКО

Белгискиот помфрит може да се најде на списокот на светско наследство на УНЕСКО

Секој што некогаш консумирал белгиски помфрит сигурно може да разбере кој е нивниот шарм.

Белгиските улични продавници „french friesa“ ќе се обидат да го гарантираат ова искуство на идните генерации со поднесување барање до УНЕСКО да се прогласи за заштитено нематеријално светско наследство.

pomfrit

Белгиското пиво го има тој статус веќе половина деценија, а сега е редот на „pommes frites“, вели организацијата што ги претставува сопствениците на белгиските штандови каде се продаваат пржени компири.

Тезгите каде се продава помфрит во Белгија, луѓето ги земаат здраво за готово, како нешто што никогаш нема да исчезне. Но, Бернард Лефевр, претседател на групата на сопственици на штандови, вели дека ваквите места стануваат сè помалку и полека исчезнуваат.

pomfrit1

“Културата на пржени компири е вкоренета во сите нас и можеби затоа треба да продолжиме да ја штитиме“, додава тој.

На секои две години, Белгија може да го номинира својот кандидат за специјален статус на УНЕСКО, а двата региона се вртат наизменично како номинатори.

Фламанците го вклучија „помфритот“ на нивниот список на нематеријално културно наследство во 2014 година. Валонците ќе дојдат на ред следната година, пишува Hina.

pomfrit2

И иако името ја содржи придавката „француски“, помфритот всушност доаѓа од Белгија. Легендата вели дека тие го добиле своето име благодарение на американските војници кои ги нарекувале Французи за време на Втората светска војна на југот на Белгија, затоа што на тој дел од земјата, Валонија, се зборува француски. Главниот град Брисел е двојазична област, иако повеќето жители зборуваат француски.

Испрати коментар

Scroll To Top