Насловна / Вести / Базенот во ОУ „Димитар Миладинов“ повторно во употреба

Базенот во ОУ „Димитар Миладинов“ повторно во употреба

Децата во основното училиште „Димитар Миладинов“ и нивните другарчиња ќе можат да пливаат во комплетно реконструираниот базен.

Општина Центар и градоначалникот Андреј Жерновски го исполнија барањето базенот повторно да биде ставен во функција.

bazen 1

Досегашниот, кој беше во лоша состојба и во просторија полна со влага, сега е  современо место за рекреација на младите по највисоките стандарди за базени во затворен простор. Длабочината е 1.70 м.

Санирана е кровната конструкција, бојадисани се ѕидните површини, ходниците, влезот и соблекувалните.

Поставени се пумпна станица, филтри и цевовод, а секоја недела Заводот за бактериолошна исправност го контролира квалитетот на водата во базенот.bazen

Комплетно се променети електричната инсталација и вентилацијата. Санирано е коритото, кое беше испукано, изградени се нови соблекувални и тоалети.

Просторијата на базенот се грее во текот на целиот ден.

За поголема безбедност на децата, поставен е и видео надзор, а сијалиците се променети со лед диоди.bazen4

Сите ученици ќе можат да пливаат и во сабота,  без надоместок, од 10:00 – 14:00 часот, а оваа можност ќе ја имаат и за време на летниот распуст.

Испрати коментар

Scroll To Top