Насловна / Арт и дизајн / Banksy постави модифицирана сцена на раѓањето на Исус во еден хотел во Витлеем

Banksy постави модифицирана сцена на раѓањето на Исус во еден хотел во Витлеем

Под името „Лузната на Витлеем“ ова дело на познатиот британски уметник го покажува раѓањето на Исус низ призмата на поделеноста. Ѕзездата е прикажана во вид на трага од експлозија на ѕидот кој ја пркажува поделеноста во областа на Западниот брег. На Инстаграм, уметникот го нарекол ова свое дело „модифицирана сцена на раѓањето“. Додека Изреалците тврдат дека поделеноста е неопходна за да се спречат терористички напади, Палестинците се уверени дека тоа е само средство за да се заграби територија. Инсталацијата е поставена во хотелот The Walled Off во Витлеем, и претставува соработка помеѓу уметникот и сопствениците на хотелот. Менаџерот на хотелот  Wissam Salsaa вели дека Banksy ја употребил Божиќната приказна за да покаже како живеат палестинците на Западниот брег. “Тоа е одличен начин да ја донесете приказната за Витлеем и Божиќната ѕвезда на поинаков начин – да ги натерате луѓето да размислуваат повеќе“ рекол менаџерот. Сцената ги пкажува зборовите “љубов“ и „мир“ како графити на инсталацијата, и тоа на англиски и француски. Сцената е надополнета со три завиткани подароци. „Banksy се обидува да биде гласот на оние што не можат да зборуваат“ додава Salsaa.

scar1

scar2

scar3

scar4

scar5

scar6

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top