Насловна / Арт и дизајн / Banksy отвори продавница во која не можете да влезете

Banksy отвори продавница во која не можете да влезете

Овие денови во лондонскиот Croydon се појавви еден многу необичен излог. За неговото отворање заслужен е најпознатиот светски street art уметник Banksy,кој сеуште успева да остане анонимен и го интригира светот со пораките на својата работа.

5
Станува збор за pop-up продавница која функционира како излог и во која не можете да влезете, а која ги претставува делата на славниот уличен уметник. Делата на Banksy одамна имаат култен статус, а бројни реплики се продаваат ширум светот. Било да се тоа маици украсени со графити со мотив на мало девојче што пушта црвени балони во воздухот или шолји со мотив на демонстрант кој фрла букет цвеќе.

7

Комерцијализацијата на неговите дела, иако тој отсекогаш бил и останува анонимен, го натера познатиот уметник да им понуди на обожавателите свои оригинални дела.

1
Pop-up продавницата се вика „Gross Domestic Product”, a Banksy отворањето во лондонскиот Croydon го најави на својт службен профил на Instagram. Станува збор за прва продавница која продава оригинални дела со потпис на Banksy, а купувачите во неа нема да можат да влезат.

Screenshot_1

6

Предметите во продавницата ќе ги гледаат преку излог и потоа ќе ги нарачуваат online. Banksy со овој потег, како и со многуте други свои потези, ја заинтригира јавноста.

4

Нема сомневање дека пред излогот ќе се собираат бројни љубопитни минувачи, но и почитувачи на работата на уличниот уметник.

3

Испрати коментар

Scroll To Top