Насловна / Вести / Баjатовиќ: „Jужен тек“ сепак според планот

Баjатовиќ: „Jужен тек“ сепак според планот

srbija eko-juzni-tok

Директорoт на „Србиjагас“ Душан Баjатовиќ вели дека до крајот на годинава во Србија ќе бидат поставени првите 30 километри цевковод од гасоводот „Јужен тек“, со промена на трасата во Војводина, бидејќи наместо во Италија тој ќе води кон Баумгартен во Австрија.

Баjатовиќ за белградска „Политика“ рече дека за Србија, што се однесува за „Јужен тек“, се оди според планот, коментирајќи го прашањето, каде е Србија во политичкиот хаос поради настаните во Украина, кои се и голем виновник за сопирање на изградбата на гасоводот во Бугарија.

„Наскоро ја завршуваме експропријацијата за третата делница од гасоводот и чекаме добивање на градежни дозволи за почеток на работите на изградбата“, истакнува Бајатовиќ.

Тој нагласува дека нема ниту една причина „Јужен тек“, како енергетски проект да не се изгради во Србија, како ни во другите земји низ кои ќе поминува. „Сигурен сум дека ќе биде така. Сè што се однесува на Третиот енергетски пакет се апсолутно решливи прашања и проблеми. Со оглед на тоа што се работи за енергетски проект со стратешко значење, пред сè за енергетска стабилност и безбедност на ЕУ, а кој нема алтернатива на среден и веројатно на подолг рок, без оглед на украинската криза, или токму поради неа, „Јужен тек“ ќе биде реализиран во предвидениот рок“, уверен е Бајатовиќ.

Тој потсетува дека станува збор за проект во кој Србија има минимални ризици, а голема економска, енергетска и политичка добивка. Инаку, Србија годишно увезува 2,5 милијарди кубни метри гас, а најголем дел од тие количини доаѓа преку Украина и Унгарија.

Испрати коментар

Scroll To Top