Насловна / Вести / Хрватска обезбеди 160 милиони куни за енергетска обнова на куќите

Хрватска обезбеди 160 милиони куни за енергетска обнова на куќите

energy-efficiency-make-more-than-you-take-1383251836520

Фондорт за заштита на околината и енергетска ефикасност денес соопошти дека за проекти за енергетска обнова на куќите, кои ќе се реализираат во жупании, градови и општини, обезбедил суфинансирање во износ од 160 милиони куни (околу 20 милиони евра). Иако првобитно беше планирано за таа работа да се обезбедат околу 50 милиони куни.

На енергетски ефикасен начин ќе се обноват околу 6.000 домаќинства во 180 единици на локалната самоуправа, што е три пати повеќе отколку во сите девет години од постоењето на фондот, изјави директорот на Фондот Свен Милер.

Владата на Хрватска донесе програма за оваа работа. Врз основа на таа програма Фондот во април годинава објави јавен повик наменет за локалните единици, за што поголем број на граѓани да добијат можност за користење на неповратните средства за преземање мерки за зголемување на енергетската ефикасност и користење на обновливи извори на енергија.

energy(1)
За обнова на куќите граѓаните ќе можат да добијат од 50 па се до 82,5 проценти неповратни средства, во зависност од стастусот на подрачјето во кое живеат. Подрачјата од посбенен државен интерес, првата група едници на локална и регионална самоуправа, островите и заштитените делови на природата од Фондот ќе добиваат 80 отсто, додека локалната зедница ќе треба да издвои само 2,5 проценти од вкупно потребната сума за инвестицијата.

На тие подрачја, на пример, за еден соларен систем во вредност од 30.000 куни, Фондот ќе издвојува до 24.000 куни, додека локалната самоуправа би издвоила 750 ккуни. Домаќинствата, спред тоа, би требало да издвојат 5.250 куни.

Износот за поттикнување е ограничен. Па така за мерки на енергетска ефикасност Фондот може да одобри максимално 60.000 куни, 45.000, односно 30.000 куни, а за систем за користење на обновливи извори ан енергија максимумот е 24.000, 18.000 или 12.000 куни, во зависност од тоа на кое подрачје се наоѓа куќата.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top