Насловна / Арт и дизајн / Автопортретот на Фрида Кало, најскапа слика на латиноамерикански уметник

Автопортретот на Фрида Кало, најскапа слика на латиноамерикански уметник

Автопортретот на мексиканската сликарка Фрида Кало, слика на која е и нејзиниот сопруг, е продадена за 34,9 милиони американски долари, што е највисоката цена било кога платена за дело на еден латиноамерикански уметник. Насликана во 1949 година, сликата „Диего и јас“, е продадена на непознат купувач на аукција во Sotheby’s во Њујорк.

kahlo1

kahlo2

Фрида Кало која во младоста доживеала тешка сообраќајна несреќа, насликала речиси 200 слики, цртежи и скици, главно автопортрети во кои своите трауми ги претворила во дела со силни бои и симболична моќ. Светска слава стекнува после смртта во 1954 година. Дваесетина години подоцна станува икона на феминизмот.

 

Испрати коментар

Scroll To Top