Насловна / Вести / Автопатот од Кичево до Охрид ќе се гради по истата траса

Автопатот од Кичево до Охрид ќе се гради по истата траса

Автопатот Кичево – Охрид ќе продолжи да се гради по истата траса, а во октомрви ќе се знае колку дополнителни пари ќе бидат потребни за тој да се заврши. За довршување на работите на автопатот со должина од 57 километри, ќе бидат деблокирани 205 милиони евра од претходно договорениот финансиски пакет, со што ќе се забрзаат работите и ќе се овозможи исплата на домашните компании ангажирани како подизведувачи. Доколку предлог – законот помине во Собранието, третиот анекс со Кинезите е предвидено да се потпише во октомври , и тоа за прецизирање на цената за дополнителните работи – изградба на регионални патишта кои ќе ги поврзат селата преку девет клучки, надвозници, странично проширување на патот кој минува по ридест терен, како и дополнителните трошоци за тунел, за кој не била изработена соодветна гео -механичка студија.

avtopat

Договорено е кинескиот изведувач „Синохидро“ да се откаже од активирање на казнени клаузули поради стопираните работи на автопатот, но да се намали разликата во цените кои се движат и до 56 отсто.

За изградба на тунелот, „Синохидро“ побарал дополнителни 152 милиони евра, но се очекува сумата да се намали за 30 милиони евра со што вкупните заштеди би достигнале 80 милиони евра. Изградбата на автопатот беше во застој речиси една година поради погрешна проектна документација, несоодветни геомеханички испитувања, нерешена експропријација и траса што минува над резорвоарот со вода за Кичево.

За изградба на трасата од 57 километри треба да се примени целосно нова технологија. Тунелот кај Врбјани, долг четири километри, според првиот проект, било предвидено да се пробива низ карпест рид, но Кинезите на терен наишле на мек каменест дел во ридот. Тоа го отежнува копањето на тунелот и оневозможува изградба според стандардите по цената понудена на тендерот.

Автопатот почна да се гради во 2014 и требаше да чини 400 милиони евра. Новите рокови се дека ќе биде готов во 2021 година.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top