Насловна / Вести / Автономните возила ќе се најдат на британските улици веќе оваа година

Автономните возила ќе се најдат на британските улици веќе оваа година

„Автономните возила ќе се појават на британските улици подоцна во текот на годинава“, објави британското министерство за сообраќај. Овие возила кои можат да ја распознаваат околината во која се наоѓаат и да се движат без возач или со минимални интервенции од страна на возачот, ќе бидат дозволени на побавните улици и ќе постигнуваат брзина од 59 километри на час. Министерството истакнува дека оваа технологија ќе ја зголеми безбедноста во сообраќајот, бидејќи ќе има помалку човечки грешки на кои инаку отпаѓаат 85% од сите сообраќајни незгоди. Технологијата за автономно возење во автомобилите, автобусите и возилата за достава, би можела да ги намали и сообраќајните гужви, бидејќи сообраќајната сигнализација и возилата ќе комуницираат во реално време, со што сообраќајот ќе тече побрзо и со пониски емисии на штетни гасови.

„Ова е огромен чекор за безбедно користење на авономните возила во Обединетото Кралство, што ќе ги направи позелени, полесни и посигурни идните патувања“ рекла надлежната министерка Rachel Maclean.

Woman enjoy her self-drive car

A traffic jam is seen as cars head towards the approach tunnel of Heathrow Airport, west London

selfdriving3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top