Насловна / Вести / Автомобилската индустрија тоне во песимизам

Автомобилската индустрија тоне во песимизам

Растечкиот притисок од кризата не ја поштедува ниту германската автомобилска индустрија, еден од моторите на најголемата европска економија. Индексот на моменталната состојба во браншата падна од јулските 7,5 на минус 10 во август, истакнува институтот Ifo. Очекувањата се сега нешто подобри од претходниот месец, но секако барометарот на општата клима во автомобилската индустрија покажува вредности под нулата.

automotive1

„Општиот песимизам во економијата се манифестира и во автомобилската индустрија“ вели Oliver Falck, директорот на секторот за индустриска организација и нови технологии во Ifo. „Притоа, кај добавувачите владее дури и поголем песимизам отколку во автомобислакта индустрија“, додава тој.  Компаниите во овој сектор во текот на август биле исклучително внимателни во врска со новите вработувања. Индикаторот кој ги рефлектира плановите за отворање на нови работни места, за еден месец забележал пад во вредноста од 9,5 на минус 3,6 поени.

automotive2

 

Испрати коментар

Scroll To Top