Насловна / Архитектура / Автобусот Баухаус тргнува на светска турнеа

Автобусот Баухаус тргнува на светска турнеа

По повод прославата 100 години Баухаус која оваа година се одбележува во повеќе германски градови, претставниците на оваа школа трнале на неверојатна тура.

Wohnmaschine von Van Bo Le Mentzel  vor dem Bauhaus in Dessau, 02.01.2019
Баухаус работилницата на тркала е само дел од поголемиот проект Spinning Triangles позади кој стои организацијата SAVVY Contemporary. Како и оругиналните претставници на Баухаус, и овој проект се занимава со битни глобални прашања како структура на моќта, економски неправди и насилства кои се присутни и во индустријата на дизајнот. Целта на пректот е да ги наведе учесниците да разговараат за просторот и имотот, и да ја испитуваат проблематиката на комплексното наследство во модерната архитектура.

5
Одбележувајќи ја 100-годишнината од Баухаус , проектот има за цел да ги испита, предизвикува и да дејствува против неоколонијалните структури на моќта својствени и за дизајнерските практики, теорија и настава.
Автобусот дизајниран од берлинскиот архитект Van Bo Le-Mentzel, проектиран е врз основа на оригиналната зграда на Баухаус во Десау во која Валтер Гропиус ја основал прочуената школа во 1919. година, па практично изгледа како нејзина мини реплика на тркала.

Wohnmaschine von Van Bo Le Mentzel  vor dem Bauhaus in Dessau, 02.01.2019
Како што пишува ArchDaily во автобусот просторот е сличен на стан, кој содржи простор за одржување на изложби и работилници, а сместена е и мала читална опремена со внимателно одбрани наслови за Баухаус и неговата филозофија.

3

100 години Баухаус
Наскоро проектот Spinning Triangles ќе отпочне во Десау, а Баухаус автобусот е негов важен маркетиншки алат. Ќе го посети Берлин и ќе сврти некој круг на церемонијата на отварањето 100 години Баухаус. Нешто подоцна автобусот ќе тргне на пат за Хонг Конг, а пота понатамо според распоредот. Засега не е потврдено дека автобусот ќе стигне и во Скопје. Раководителите на проектот се надеваат дека поменатиот проект ќе поттикне отварање на нова школа – наследник на Баухаус.
Ако и после 100 години некои, особено кај нас, не се баш сосема сигурни по кои принципи се водела оригиналната школа и поради што е толку важна, крајно време е конечно да почнат да читаат и да размислуваат.

2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top