Насловна / Форум / Стилот е одлука на архитектот, а не на инвеститорот

Стилот е одлука на архитектот, а не на инвеститорот

Милица Јанакиева

 

Огорчена  сум.  Најпрво се лутев на премиерот кој ми ја презеде професијата   и така три години проектира, а јас се надевав  дека ќе се занимава со својата професија -економија. А  како проектант секој проект му е шокантен, три стокатници, лавови , цркви и не верував дека сето тоа може да се реализира.

Но, најмногу се разочарав кога дознав дека моите колеги професори (кои биле или сè уште се професори на факултет), му го хранат егото , а јас за нив верував дека се мои свременици.  Го прашувам колегата  Слободан Живковски кој е дел од авторскиот тим на ,,Соравија,, зошто не ја направи во барок или овде ги задоволува вкусовите на нашите политичари?  Да тргнам  од скулптурите  за кои   Владата не смеела да плати. Во други земји , на пример, со изградба на значаен објект,  се добива  маркица и предлог фонтана или скулптура која ќе соодветствува со стилот на градбата на објекот и тоа го плаќа инвеститорот за градбата.  Скулптурите си наликуваат, немаат печат од авторот. Со ваква хиперпродукција на скулптури тие ја губат својата вредност. И за жал тоа не се дрвца  кои може да ги исечеш, тие остануваат вечни, такви какви се. Министерството за култура е нетранспарентно.  Инвеститорите немаат право да одлучуваат за стилот, тоа е израз на креативноста на архитектот. Политичарите се тие што го одбраа барокот за нивни цели,  да докажат дека нема нова архитектура.
 За жал, на една страна ќе го имаме барокот , а во негова близина коњите и чергите во Маџир маало кои се секојдневна слика, на исто место со најновиот тип мерцедеси. Што е со печатницата Гоце Делчев во центарот што десет години чека судска завршница?  Тоа е срамота за градот!  Тоа е најголемото јавно ве-це во Европа. Од другите земји кои се запознаени со случувањата тука,   ни праќаат мејли со чудење што се случува со нас. Tриумфалната капија, мостот „Око“,  не сакам ниту да ги коментирам. Црквата,   главно, во волумен и димензии е српски стил. Македонските се поволуменозни во ширина, а  не  во висина.  Секоја архитектура треба да биде одраз на   времето во кое настанала. Премиерот успеа да не подели по сите основи: Скопје со  останатите градови , останатиот дел на Скопје со центар, на етничка основа и на крај, за жал, архитектите: на оние што мора да работат за него и оние што имаат свој став.

Јулијана Бабиќ???

Современите тенденции и истражувања во урбаната мисла  водат до некои ставови кои не се применливи во овој маркантен и популаризиран проект:
-Архетипското значење  на огништето, топлината на домот. Со други зборови, создавање услови  да се оневозможи отуѓување на човекот.
-Апликации на грандиозност во визиите можат и треба да се применуваат доколку се реплика на реални состојби во општественоте живеење.
-Она на што треба да се одржи идејата на проектот Скопје 2014 е традицијата.
-Но, би требало да се рафинира значењето на тој аспект. Како едно траење во времето  да се задржи на типичните елементи применети во зададениот контекст: културолошки, социолошки и космополитски.

Испрати коментар

Scroll To Top