Насловна / Вести / Асфалтирање на најоштетениот дел од делницата Неготино-Кавадарци – Дреново

Асфалтирање на најоштетениот дел од делницата Неготино-Кавадарци – Дреново

kavadarci drenovo

Денес директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов и градоначалникот на општина Кавадарци Александар Панов направија увид во градежните активности со кои се реализира  асфалтирање на најоштетениот дел на делницата Неготино-Кавадарци –Дреново.

Овој проект отпочна минатата година кога беа асфалтирани 1,2 км. во вредност од 8,5 милиони денари. Оваа година завршена е  рехабилитација на патот  во  должина од 1,8 км, од кои  800 м се асфалтирани на  излезот од Кавадарци кон Дреново. Вредноста на работите кои ги изведува ЈП Македонија пат е околу 12 милиони денари.

Проектот ќе продолжи и наредните две години, а неговата вкупна инвестициона вредност изнесува 30 милиони денари.

Испрати коментар

Scroll To Top