Насловна / Арт и дизајн / Ламба SALt свети осум часа од една чаша со морска вода

Ламба SALt свети осум часа од една чаша со морска вода

morska sol svetilka

Населението на Филипините наскоро би можело да ги замени свеќитe и батериските ламби со нов вид на светлечки тела. Проектот има за цел да го развива одржливото алтернативно осветлување (Sustainable Alternative Lighting – SALt), а резултира со решение кое на нацијата распослано на 7.000 острови ќе му понуди нов тип на ламба која работи на гориво кое го имаат во изобилство – морската вода.morska sol svetilka (2)

Ламбата SALt се напојува со солена вода. Чаша морска вода, или обична вода помешана со две лажици сол, е доволно оваа светилка да свети непрекинато осум часа.

Електродите во уредот може да трајат околу една година – во зависност од тоа колку често и колку долго ќе се користи.morska sol svetilka (3)

SALt, исто така, има опција да полни мобилен телефон преку USB порта, но сепак нејзината главна функција е да обезбеди светло во услови каде што пожарите се многу чести, поради големата употреба на свеќи.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top