Насловна / Архитектура / Архитектурата е создавање иднина

Архитектурата е создавање иднина

Архитектот Барнаш престојуваше во Белград и имаше предавање во рамките на конференцијата САЕЕ каде што се зборуваше за енергетски ефикасна архитектура. Неговото студио BXB од Краков константно расте како и економијата на земјата во која се наоѓа. Свесен за моментот во кој се наоѓа архитектурата тој проектира помалку нетипични објекти потпирајќи се на традицијата, на општеството од коешто доаѓа, односот спрема природата и константната желба за личен развој како архитект

A_IMG_7153

На кои проекти моментално работите?

Еден од проектите на кои моментално работиме е куќа со објект за кокошки и со базен со риби. Тоа не е класична пасивна куќа, туку нешто што би можело да се опише како активен објект којшто дава повеќе од енергија, дава здрав начин на живот поради контактот со природата и животните, со тоа што не морате посебно да им се посветите на животните затоа што процесот е автоматизиран. Можете да пливате со рибите, но можете и да ги фаќате, исто така не морате да користите средства за чистење бидејќи станува збор за биосистем. Се надеваме дека овој проект ќе го реализираме, моментално правиме експерименти. Имаме начин објектот со кокошки да остане чист. Лентата што се движи оди многу бавно, прави еден круг во текот на денот и е всушност незабележително движење. Таа вода потоа се користи како природно ѓубриво за растенијата. Нашата идеја е да направиме вистински екосистем со овој проект.

Dom Polski

Колку е големо Вашето архитектонско студио?

Нашето студио е во Краков. Моментално сме десет, од кои шест архитекти и четири студенти. Полека растеме, пред пет години бев само јас.
Што можете да ни кажете за современата полска архитектонска сцена?
Мислам дека последните десет години полската архитектура расте и прави чекор напред. Самата економија на земјата расте па со тоа расте и самиот пазар. Во исто време се зголемува и конкуренцијата од другите земји. Покрај тоа, доаѓа и до признанија, како наградата Мис Ван дер Рое за филхармониската сала во Шчеќин (Szczecin). Секоја година има многу номинации, пред десетина година немаше толку. Верувам дека отворениот пазар, инвестициите и економијата се причина за тоа. Сè повеќе се гради на основа на архитектонски конкурси. Се подобри и архитектонското образование, младите одат во други средини и добиваат поголемо искуство.

Како би го опишале Вашиот архитектонски пристап?

Основниот принцип е да создаваме архитектура која е поврзана со традицијата, да создаваме ново, модерно и со стил, но тоа да биде поврзано со традицијата. Како што реков во текот на предавањата, во иднина ќе имаме онолку енергија колку што сакаме. Живееме во чудни времиња каде што сè брзо се развива и расте па ни е потребно многу енергија која не знаеме како да ја добиеме. Поради тоа сме научени да ги сечеме шумите и да користиме фосилни горива. Ако ја замислиме 3000-та година, енергијата ќе биде бесплатна, гравитацијата ќе се намали, а ние ќе можеме да користиме многу повеќе сончева енергија. Одржливоста нема да биде концепт поврзан за употреба на енергијата туку да ги поврзува луѓето и природата.

A (2)

Дали Вашиот одржлив пристап на архитектурата доаѓа директно од Вас или се бара од страна на клиентите кои Ви се обраќаат?

Верувам дека тоа е до архитектот. Клиентот повеќе има барања за помали трошоци, сака куќата да биде евтина и да биде енергетски ефикасна. Архитектите треба да објаснат дека ефикасноста не е само потрошена енергија туку и поврзаност со природата. Не се во прашање само инсталациите на објектот туку и обликот на куќата, ориентацијата, односот спрема сонцето и ветерот.
Направивте проект за куќа и црква. Од каде доаѓа идејата за поврзаноста со традиционалната архитектура на Полска?
Тоа е проект од пред пет години. Идејата за изградба на полски куќи дојде после многу слични идеи од други земји. Кога студирате се фасцинирате од Тадао Андо или од некој друг сличен, па многу често се увезуваат различни идеи иако имаме богата историја и култура. Тоа е веројатно така затоа што е полесен пристапот кога нешто правите да го направите слично на тоа што сте го виделе. Верувам дека проектирам нешто што ќе биде автентично полско. Полската куќа ќе биде изградена.

Во текот на предавањето претставивте реализиран објект, енергетски ефикасна куќа и рековте дека трошоците за греење се само 300 евра годишно. Како постигнавте таков резултат?

Интересно е тоа што инвеститорот одлучи да не се грее на гас, којшто е најевтиниот енергенс за греење во Полска. Куќата има многу добра изолација, клиентот ми кажа дека во текот на октомври понекогаш има потреба да ја лади куќата. Пред сè куќата е проектирана така што максимално го користи сонцето. Во текот на зимата се добива енергија од сонцето, а истиот простор е во сенка во текот на летото. Куќата има ISODOM- систем на изолација, и тоа не само ѕидовите, туку и покривот и подовите. Користевме многу точни пресметки во текот на фазата проектирање. Добрата ориентација спрема сонцето ви дава квалитет врз основа на којшто проектирате. Со самото тоа можеме да користиме соларни панели за греење на водата. Тоа е многу евтин начин за греење на водата.

DCIM100MEDIADJI_0034.JPG

Колку можеме да го разбереме општеството гледајќи ја архитектурата?

Во Полска имаме израз, покажи ми ја твојата соба и јас ќе ти кажам сè за тебе. Истото се однесува и за архитектурата, покажи ми го твојот град и ќе ти кажам во какво општество живееш, дали е демократско или не е, дали е пристојно или не е. Архитектурата покажува дали општеството е организирано и каква е економијата. На пример во Дубаи може да се види дека општеството е богато, но дека е многу поназад од Европа во однос на архитектонскиот развој. Лондон на пример, е многу богат град, но се води сметка на што ќе се потрошат парите и се водат сериозни дебати дали треба да се изгради нешто големо и скапо.

Што претставува архитектурата?

Архитектурата е создавање простор за луѓето. Архитектурата е создавање иднина за луѓето.

Што добивате лично со учество на конференции каква што е конференцијата SAEE?

Настаните од овој тип ви ги отвораат очите преку размената на искуства со другите архитекти. Добивате неверојатна инспирација и сила за работа. Гледате различни идеи и начини на размислување, а тоа е највредно.

01

Зборувате за иднината на архитектурата, па како ја гледате за десет години?

За десет години гледам прогрес во начинот на патување, поврзан со архитектурата. Сигурно ќе има многу повеќе места каде што ќе можете да го дополните својот електричен автомобил, независно од денешните бензински пумпи. Веројатно ќе се обидеме да ги направиме градовите позелени. За десет години градовите ќе изгледаат слично на денешните градови, но ќе постојат нови решенија.

Кога одлучивте да станете архитект?

Одлучив во текот на последната година на средно образование. Сакав да студирам медицина, но отсекогаш бев повеќе склон кон уметноста. На крајот на средно посетував часови по цртање кај еден архитект и тогаш сфатив што сакам да бидам. После тие часови архитектурата ја разбрав како нешто помеѓу уметноста и физиката или математиката. Тоа беше вистинската работа за мене. Ако сте архитект вие не сте само луд уметник, туку сте и менаџер, инженер, бизнисмен, а секако и уметник.

03

Каков бевте како студент?

Бев многу вреден студент што се однесува на проектирањето. Не бев баш најдобар по предметите кои не се толку важни за архитектурата. Во текот на втора година почнав да учествувам на архитектонски конкурси. Потоа заминав во Германија, тоа беше прекрасно време и навистина добра европска школа, а потоа заминав во студиото на Норман Фостер во Лондон. Тоа за мене беше неверојатно искуство. После Лондон заминав во Единбург. Таму преминав во „Мејк архитектс“ којшто беше основа на еден од постарите партнери на Норман Фостер. Тоа беше особено интересно бидејќи студиото беше така направено сите да бидат партнери, па бев вклучен во многу прашања како на пример финансии и слично. Интересно е што преминав од студио од 1000 луѓе во студио од 100 луѓе за да на крај бидам во уште помало студио од само 10 луѓе. Бев изморен од големи градови и големи проекти, кои ви даваат сосема поинакво искуство од малите проекти.

Кога не сте архитект, со што се занимавате?

Мојата работа е мојот живот. Викендов имам конференција за одржливост во Белград, па дојдов. Архитектурата ви го одзема животот, тоа не е само осум часа работа, тоа е како кај музичарите или уметниците. Поинаква и интересна работа е. Сакам да возам велосипед, го возам колку што можам, го возам и во зима. Понекогаш одам и на базен или трчам.

06

Имате ли некоја неостварена желба во архитектурата?

Не постои некоја посебна желба, секогаш постои цел да создавам нешта што ми се допаѓаат. Не се уморувам додека тоа го работам, тоа е работа, но не е како да одите на работа. Тоа е страст. После основањето на BXB студио целта е да се направи студио кое ќе постои поради страст спрема архитектурата, а не поради пари. Некогаш тоа е тешко, покажав некои концептуални проекти, како проекти за цркви за архитектонски конкурс. Целта на таквите проекти е да се развивате зашто веројатно нема да победите, затоа што има неколку илјади пријавени. Целта е да се развивате и да направите добар тим. На конкурсите најмногу напредувате, ако работите само за инвеститори вашата креативност се намалува, понекогаш сте само сервис, и не станува збор за вистинска архитектура.

09

Кој совет би им го дале на младите архитекти?

Пред сè да бидат многу вредни, а другиот совет е да бидат систематични. Во архитектурата не можете многу да работите еден месец, а следниот да паузирате. Архитектурата бара години работа, ако сте млад архитект целта би требало да ви биде да добиете најдобро можно искуство. Треба да одите таму каде што можете да се развивате, ако се чувствувате како да работите сервисна работа тогаш треба да ја промените.

07

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top