Насловна / Архитектура / Архитектура на скромноста

Архитектура на скромноста

Замислете си селска библиотека во македонска провинција. Стара куќа, културен дом од 48-та во распаѓање, можеби свежо варосана, со нужник на педесет метри од библиотеката, со внатрешно уредување … А и кој ќе оди во читална, кога по селата веќе ни деца немаме. И тоа е нашата провинциска стварност. За жал.

Е сега друга реалност. Во кинеска провинција, за која до пред дваесетина години знаевме дека живеат како ние во 19 век, се отвора селска библиотека Лијоан, во округот Хуаижоу близу Пекинг. Проектант е архитектот Ли Сјодун. Не случаен. Веќе добитник на наградата на престижниот Светски саем на архитектура WAF и фондот Ага Кан. „Објектчето“ ја добива наградата Mariyama RAIC – под покровителство на познатиот канадски архитект Рајмонд Моријама и Кралскиот  архитектонски институт на Канада. Основен услов за наградата е објектот да се докаже минимум две години со својата ефективна искористеност и прифатеност од околината.174263174265174262174267

Библиотеката е поставена вон селото, со идеја да биде со природата и отворена кон неа. Објект од 175 м2 и вредност од околу 160.000 $. Скромен, изграден од локални материјали, со фасада од дрвена конструкција и мрежа од трски и термоизолационо стакло. Библиотеката е екстремно популарна кај месното население, а ја посетуваат и туристи од Пекинг. Основно правило на работа е замената – секој може да си ја земе саканата книга но да остави една-две свои. Фондот на книги е во пораст.174268174270174269174271174261

Ех Македонијо. А какви се нашите села… и библотеките во нив !!

Испрати коментар

Scroll To Top