Насловна / Архитектура / Архитектонската академија ќе и помогне на Општина Центар

Архитектонската академија ќе и помогне на Општина Центар

Архитектонската академија при ААМ на 28.03.209 година одржа состанок во состав: Вера Ќосевсска, Александар Смилевски, Радован Раѓеновиќ, проф. Михаил Токарев, Билјана Филиповска, проф. Мартин Гулески и Миодраг Радоњиќ Бато. Повод за состанокот е ниското ниво на урбаното планирање и состојбата со мораториумот во Општина Центар. Акдемијата е спремна да даде поддршка на општината која се обидува да се справи со лошото планирање. На состанокот е формирана работна група од членови на претседателството на Академијата која веќе договори работен состанок со општината на кој ќе понуди соработка со своето искуство и знаење да и помогне на општината поефикасно да се справи со урбаното планирање и основната заложба, да се подигне нивото на планирањето во општината и градот воопшто.

Членови на Архитектонската академија се сите архитекти кои се добитници на наградата за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството „Андреја Дамјанов“.

4H5A0128

 

Испрати коментар

Scroll To Top