Насловна / Вести / Apple и натаму најдобар бренд на светот

Apple и натаму најдобар бренд на светот

Њујоршката консултантска агенција Interbrand, ја објави листата од 100 најдобри брендови, а на чело втора година по ред се наоѓа технолошкиот гигант Apple. Втор бренд на листата е Microsoft, а во првите пет се и Amazon, Google и Samsung. Највредниот светски бренд на автомобили е Toyota, која на генералната листа е на шестото место. Компанијата Tesla, во сопственост на Илон Маск, се наоѓа на 12-тото место.

apple2

Interbrand истакнува дека овогодишната ранг листа покажува дека многу од 100-те најдобри светски брендови стагнираат. Вкупната вредност на најголемите глобални рендови оваа година пораснала за 5,7%, на 3.000 милијарди долари, успорувајќи во однос на минатогодишниот раст од 16%. Консултантската агенција Interbrand, ги истражува и анализира највредните светски брендови од 1999 година. Сите кандидати од првоите 100 се анализираат врз основа на три критериуми: финансиски учинок на производот или услугата на брендот, улогата на брендот во процесот на одлучување при купувањето и моќта на брендот во однос на идната заработка на компаниите.

 

Испрати коментар

Scroll To Top