Насловна / Вести / Apple гради ветерен парк со најголемите турбини во светот

Apple гради ветерен парк со најголемите турбини во светот

Компанијата Apple сопшти дека ќе гради ветерен паркво кој ќе бидат инсталирани најголемите турбини во светот, во Есбјерг, Данска. Компанијата најави турбини на височина од 200 метри кои треба да произведуваат 62GWh енергија годишно. Овој ветерен парк ќе послужи како експериментален полигон за ветерните турбини на иднината. Електричната енергија која ќе се произведува во Есбјерг, наменета е за дата центарот на Apple  во Виборг, на северозападот на Данска. Со помош на тој центар, функционираат App store, Apple Music, iMessage и други сервиси во Евроопа. Минатиот месец, Apple објави дека сака да стане компанија која во работата на своите центри нема да користи енергија од фосилни горива до 2030 година, а инвестицијата во овој проект ќе помогне во остваување на таа цел.

apple1

apple2

Испрати коментар

Scroll To Top