Насловна / Вести / Амстердам забранува изградба на нови хотели

Амстердам забранува изградба на нови хотели

Амстердам во иднина нема да дозволи изградба на нови хотели во обид да се избори со прекумерниот туризам, соопштија градските власти. „Сакаме да го одржиме градот погоден за живот и за мештаните и за посетителите. Тоа значи – нема повеќе прекумерен туризам, нема повеќе нови хотели и нема во иднина повеќе од 20 милиони хотелски ноќевања на туристите годишно“, велат од управата на градот.

Нов хотел во Амстердам ќе биде можно да се изгради само доколку некој друг се затвори, но и доколку бројот на кревети не е поголем, односно доколку пружа подобри услови во поглед на одржливоста. Таа одлука не се однесува на хотели чија изградба веќе е во тек или оние кои веќе добиле дозвола за градба. Градот активно се обидува да ги ограничи посетите на туристите, кои се бројат во милиони годишно.

 

Испрати коментар

Scroll To Top