Насловна / Вести / Американски и црногорски компании во преговори: Бар центар за течен гас?

Американски и црногорски компании во преговори: Бар центар за течен гас?

Дека Црна Гора со пристаништето Бар може да биде потенцијален енергетски центар за складиштење и дистрибуција на течен природен гас (ТПГ) од САД, е соопштено од највисоките државни инстанци на САД, веднаш по посетата на помошникот секретар за фосилна енергија од Министерството за енергетика на САД, Стивен Вајнберг, на Црна Гора минатата недела. Во фокусот биле разговори за можностите за користење на „контејнерски транспорт на ТНГ“ кој на Црна Гора би и донел економски и еколошки придобивки. Според Вајнберг, пристаништето Бар е идеален ресурс за испорака на ТПГ. “Пристаништето има идеална позиција за прифаќање на ТПГ, и би претставувало јазол од каде тој би се транспортирал во други земји. Тоа е пристаниште со длабоки води, кое може да ги прифати бродовите од САД. “ рекол Вајнберг. Во извештајот на Министерството за одбрана на САД од мај 2019 година, под името „Руските стратешки намери“, кои ги објави американскиот портал Politico, укажува на влијанието на Русија на Балканот и преку зависноста на државите од увоз на руски гас. Во извештајот се наведува дека 13 источноевропски земји увезуваат 75% или повеќе од вкупната потреба за природен гас од Русија, и дека „Русија ја користи оваа зависност како средство за влијание врз донесувањето одлуки и/или дури и казнување на државите за одлуките кои не се во склад со руските интереси“.

Центарот за проучување на демократијата од Софија, во својот извештај од пред две години, објави дека руското економско влијание на Балканот е концентрирано во стратешки сектори како енергетика, банкарство, металургија и недвижности, а дека преку зависноста од гас, Русија остварува и политичко влијание.

Regioni Jug

Bar2

Bar3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top