Насловна / Арт и дизајн / Американци кои го дефинирале зборот „кул“

Американци кои го дефинирале зборот „кул“

кул американци_1

Во Националната галерија на портрети на Институтот Смитсонијан во Вашингтон отворена е изложбата „Американски кул“. Поставката е  посветена на сто американски личности кои во американската култура внесле свој личен печат и станале симболи на своето време.

Зборот „кул“ е американски, кој во почетокот на 40-тите години на минатиот век во жаргонот го вовел џез саксофонистот Лестер Јанг, и зборот остана популарен се до денес.

При изборот на 100 личности кои ќе бидат вклучени во изложбата, кураторите се раковеделе според четири насоки: оригинален уметнички изглед и стил, олицетворение на културен бунт на генерација, моментално визуелно препознавање и признато културно наследство. Сите оние „кул“ личности кои ги исполнуваат најмалку три од четирите критериуми сега се претставени во галеријата:  џез музичари како Мајлс Дејвис и Били Холидеј, актерите Џејмс Дин, Џони Деп, Одри Херберн, Стив Меквин, Феј Данавеј и Роберт Мичам, пејачите Елвис Присли, Пети Смит и Џеј-Зи, уметникот Жан Мишел Баскијат и многу други. Нивните фотографии се снимени од страна на Дијана Арбус, Ричард Аведон , Анри Картие – Бресон, Ени Лебовиц и други. Изложбата ќе биде отворена до 7 септември.

кул американци_9

Елвис Присли

кул американци_8

Одри Хепберн

кул американци_6

Жан Мишел Баскијат

кул американци_5

Били Холидеј

кул американци_4

Стив Меквин

кул американци_3

Деби Хари

кул американци_2

Мадона

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top