Насловна / Вести / Акција на Цементарница Усје – секоја среда без автомобили

Акција на Цементарница Усје – секоја среда без автомобили

usje

Вработените на Цементарница Усје  започнуваат акција „Секоја среда на работа без автомобили“. Според договореното, вработените на УСЈЕ на работа ќе одат со јавен превоз, велосипед или пеш, зависно на која оддалеченост живеат.

Оние вработени кои ќе дојдат во среда на работа со автомобил ќе плаќаат по 150 денари за паркирање, а собраните пари ќе бидат донирани на Детската болница за респираторни болести Козле.

Идејата на оваа акција е да се создаде навика да не се користат автомобилите тогаш кога тоа не е неопходно.

Преку оваа активност менаџментот на компанијата и вработените сакаат преку личен пример и ангажман да ја потврдат својата јасна определба за заштита на животната средина и да ги промовираат принципите за здрав начин на живот.

Цементарница Усје ќе ги повика и другите институции, компании и здруженија да се приклучат кон овој вид активизам и со свој личен пример и ангажман да придонесат кон омасовување на оваа акција за промена на свеста и навиките.

 

Испрати коментар

Scroll To Top