Педесет илјади долари чини ноќевање во куќата во Хаивоџа во Јужна Кореја што наликува на џиновски тоалет. Нејзиниот сопственик, Сим Џа Дак смета дека тоа не се многу пари за да се помине времето во една од најчудните куќи во светот.
„Господин тоалет“, како што го нарекуваат Дак поради тоа што има компанија наречена „Светска тоалет организација“ за разубавување на тоалети, го одврзал ќесето и во 2007 година ја изградил најскапата тоалетна школка во форма на куќа на светот.
Објектот чини повеќе од 1.1 милиони долари. Куќата има два ката, внатрешни скали кои водат до врвот обликуван во форма на „WC штица“. Поставена е заштитна ограда, па секој посетител може слободно да ужива во погледот на околината. Интересно е што скалилата преку кои се доаѓа до покривот служат како собирач на атмосферската вода, која потоа се „цеди“ во специјален дел кој наликува на тоалетно казанче. Тука постои систем за филтрирање по што водата од дождот може да се користи за други намени. Куќата има 4 бањи и тоалети, кои ја потенцираат важноста на тоалетот во секојдневниот живот на луѓето. Надворешноста е комбинација на стакло и материјал кој наликува на керамика со цел поадекватно да асоцира на тоалетна школка.
Драган Ристов