Насловна / Екологија / Тајната на големото езеро на Пелистер

Тајната на големото езеро на Пелистер

pelister.jpgПостојат ли на Земјата живи форми кои потекнуваат од други галаксии е прашањето на кое научниците со децении се обидуваат да дадат одговор преку своите истражувања. Одговорот можеби лежи во бактериите што денес можат да се сретнат во водите на глацијалните езера, како што е езерото Diamante на северозападот на Аргентина, во кое во август годинава научниците од Consejo Nacional de Investigaciones Cientificas y Tecnicas (CONICET) пронајдоа колонии на супербактерии способни да преживеат во екстремно тешки услови слични на оние на Земјата кога таа не била населена со жив свет.

pelister_2.jpgПостојат ли на Земјата живи форми кои потекнуваат од други галаксии е прашањето на кое научниците со децении се обидуваат да дадат одговор преку своите истражувања. Одговорот можеби лежи во бактериите што денес можат да се сретнат во водите на глацијалните езера, како што е езерото Diamante на северозападот на Аргентина, во кое во август годинава научниците од Consejo Nacional de Investigaciones Cientificas y Tecnicas (CONICET) пронајдоа колонии на супербактерии способни да преживеат во екстремно тешки услови слични на оние на Земјата кога таа не била населена со жив свет. DNK на овие бактерии мутирал, така што тие можат да поднесат високо ниво на ултравиолетово зрачење и многу низок степен на кислород карактеристичен за високи надморски височини. „Факт е дека ваквите езера претставуваат еден вид прозорец во нашето минато, но и за истражување на животот на другите планети“, вели Maria Eugenia Farias членка на тимот што ги откри животните форми во Diamante на северозападот на Аргентина. Големото Езеро на Пелистер, според мислењето на експертите, е исто така едно од глацијалните езера кое можеби содржи вакви живи организми и затоа треба во него да се направат истражувања. Истражувања се можеби потребни и на целиот екосистем поради влијанието на оружјето од Првата и Втората светска војна кое лежи на дното веќе неколку децении и влијае на него.


Стефанка ПрОјчеВСка, дипл. шум. инж, раководител за заштита на НП Пелистер.

Живиот свет во големото езеро сè уште не е доволно истражен. тоа треба да се направи што поскоро, или да биде таргет за идните генерации кои се надевам дека ќе успеат да ја одгонетнат мистеријата на ова „горско око“. истражувачите го регистрираа амфиподното ракче Niphragus pancini peristericus, кое важи за пелистерски ендемит, досега пронајден само во ова езеро. исто така, само во водите на горски Очи се среќава харпактикоидното ракче arcticocampus macedonicus, пелистерски ендемичен вид. езерото е населено со по неколку претставници од 6 животински групи (Turbellaria, Bivalvia, oligochaeta, Hirudinea, Crustacea i insecta), од кои најбројна е групата на инсекти, со над 25 видови. Во Националниот парк се констатирани и проучени 8 планински езера, меѓу кои и големото – реликт на некогашната глацијација. тоа зафаќа површина од 4,20 хектари и има неправилен облик.

 

Долго е 223, широко 162 и длабоко до 14,5 метри. Со вода се полни од топењето на снегот и од пролетните дождови. инаку, планинските езера во Националниот парк „Пелистер“ се наоѓаат во североисточниот високопланински дел од планината Баба, во изворишните делови на реките Сапунчица, езерска река и црвена река, на височина помеѓу 2039 и 2218 метри на која висина е токму големото Пелистерско езеро. тоа, според површината, длабочината и зафатнината на водата се вбројува во редот на поголемите езера нè само во Националниот парк, туку и во република Македонија. Бидејќи нема површински истекувања, се класифицира во редот на неистечни езера, а самото ниво се регулира преку подземното истекување на водата низ моренските седименти.

Kакво био богатство се крие во Националниот Парк Пелистер?

Во 1948 година, територија од околу 11.000 хектари на северниот дел од планината Баба, дом на многу ретки и ендемични растителни и живoтински видови, се прогласува за Национален парк Пелистер. Заштитената зона опфаќа десет планински врвови повисоки од 2000 метри, од кои највисок е Пелистер (2601 м). Од хидрографски аспект, покрај седум планински реки и изобилство со планински извори и потоци, препознатлив орнамент на паркот претставуваат двете глацијални езера – Пелистерски очи. Биолошката разновидност во флората и фауната е уште една голема и признаена гордост на Пелистер. Вишите растенија се сретнуваат во над 1050 таксони, од кои најзначајна и најпрепознатлива е пелистерската молика. Овде опстојуваат и растенија кои се наоѓаат на Светската црвена листа на загрозени видови (iUCN red list of threatened species, 1998), како што се Пелистерски каранфил (dianthus myrtinevrius), чуваркуќа (Sempervivium octopodes), различник (Centaurea deustiformis), Планинска темјанушка (Viola eximia), како и alkanna pulmonaria, Fritillaria gussichiae, Malus fl orentina, Pedicularis limnogena, и Pinus peuce. На Пелистер се сретнуваат и деветстотини цветни (скриеносемени) растенија.

 

Во рамките на НП Пелистер опстојуваат и голем број реликтни и ендемични примероци од фауната, кои значително придонесуваат за биолошката разновидност на просторот и на државата. Покрај разновидните ретки видови инсекти, тврдокрилци, и пеперутки, НП Пелистер е живеалиште на 10 видови водоземци, 91 вид птици, 15 вида влечуги и 35 различни видови цицачи. карактеристична исклучиво за горните текови на неколку од реките во паркот, Злокуќанска, Сапунџиска и ротинска река, е поточната пастрмка (Salmo pelagonicus), која претставува уште еден скапоцен ендемичен вид во Пелистер. инаку, најголем дел од ендемичните видови кои се сретнуваат овде се од групите на без’рбетни организми, како што е Вилинско ракче (Chirocephalus diaphanus carinatus), жител на Малото пелистерско езеро, како и ендемитот Niphargus pancici peristericus – амфиподно ракче, кое е регистрирано само во ова езеро и никаде на друго место. Уште еден ендемичен жител на обете езера е arcticocampus macedonicus – Харпактикоидно ракче.

Порта3 разговараше со Бојан ПЕТКОВСКИ, инструктор по нуркање и член на нуркачкиот клуб „Врело“ од Скопје, кој беше дел од тимот што пред два месеца го посети Големото Езеро на Пелистер за да земе податоци за добивање седиментација од водите за потребите на хидрометеоролошкиот завод и притоа дојде до интересни откритија кои се можеби поврзани со живиот свет на ова место. Контактиравме и со Стефанка Пројчевска, дипл.шум. инж, раководител за заштита на НП Пелистер, која ни потврди дека за жал, Големото Езеро сè уште не е доволно испитано и дека откривањето на неговата мистерија треба „да биде таргет за идните генерации“.


Diamante ја открива тајната на вонземниот живот

Пред неполни два месеца откритието на научниците што го истражуваа езерото Diamante на северозападот на Аргентина, одекна како бомба во светската јавност. 

pelister_3.jpg

Истражувачите пронајдоа колонии супербактерии кои живеат во многу екстремни услови, слични на оние што би можеле да постојат на многу планети надвор од Сончевиот систем. Аргентинските стручњаци открија дека микробите успеваат да преживеат во водите на езерото сиромашни со кислород во средиштето на вулканскиот кратер кој се простира на околу 4700 метри надморска височина. Оваа средина е многу слична на примитивната Земја на која сè уште немало развиено рани форми на организми. Водата во кратерот е исклучително богата со арсен и алкални соединенија. Експертите сметаат дека бактериите што живеат во ова езеро би можеле да преживеат и на Марс.

Исклучително отпорните организми, таканаречените екстремофили, се откриени и во други делови на Земјата, меѓутоа, Maria Eugenia Farias членка на тимот што ги откри животните форми во Diamante на северозападот на Аргентина, истакнува дека овие полиекстремофили се посебни затоа што преживуваат во најтешките услови кои постојат на нашата планета. Езерото е единствено и по тоа што во него владеат многу екстремни услови на едно место, смета Farias, која е микробиолог во Consejo Nacional de Investigaciones Científicas y Técnicas (CONICET) во покраината Tucuman. Концентрацијата на арсенот во водите на Diamante е 20 000 пати поголема од онаа што е допуштена во водата за пиење, а температурите се најчесто под нулата. Но, бидејќи водата е петпати посолена од морската, езерото никогаш не се заледува. DNK на бактериите мутирал, така што тие можат да поднесат високо ниво на ултравиолетово зрачење и многу низок степен на кислород карактеристичен за високи надморски височини.

Мистерија на црвената вода

Речиси паралелно со истражувањето на езерото Diamante, експедиција составена од осум искусни членови на нуркачкиот клуб „Врело“ од Скопје, нурна во Големото Езеро на Пелистер за да земе податоци за добивање седиментација од водите за потребите на хидрометеоролошкиот завод. Рутинската постапка на нуркачите го потврди она што секој може да го слушне од локалните жители – езерото има свои тајни чија мистерија треба дури допрва да се открива. Она што го забележаа нуркачите е бојата на водата.

Таа наместо сино-зелена е црвена поради зголеменото присуство на црвен планктон. Видливоста на водата, што треба да биде околу 12 метри, е намалена на 3 до 4 метри. 

pelister_4.jpg

Зошто е тоа така, ние не успеавме да дознаеме сè до затворањето на овој број на Порта3. Нуркачите исто така, со голо око можеле да забележат само неколку пастрмки и дека во езерото скоро и да нема други жители. Велат дека виделе траги од полжави кои се движат по дното, а дека не го сретнале ендемичниот рак кој живее во оваа вода. – Како и останатите планински езера, така и Големото Пелистерско Езеро се одликува со специфичен температурен режим на водата и боја која главно е сино-зеленикава со проѕирност од околу 12 метри. Температурата на водата зависи од сплет на низа фактори и тоа: самата надморска височина, неговата длабочина, вкупната зафатнина, годишното време и друго, и на површинскиот слој во текот на месеците јули и август се движи помеѓу 13-17°С. Во текот на зимскиот период, поради ниските температури на воздухот, површината на водата замрзнува и кај ова езеро – вели Стефанка Пројчевска, дипл. шум. инж, раководител за заштита на НП Пелистер. Останува мистерија дали во оваа средина живеат организми кои би можеле да преживеат во суровите услови кои не овозможуваат живот на другите планети. Идните истражувања на научниците можеби ќе ни помогнат да го разоткриеме велот на оваа тајна

Бојан ПеткОВСки, инструктор по нуркање и член на нуркачкиот клуб „Врело“ од Скопје

Нашата нуркачка експедиција составена од осум искусни членови на нуркачкиот клуб „Врело“ од Скопје, пред два месеца го посети големото езеро на Пелистер за да земе податоци за добивање седиментација од водите за потребите на хидрометеоролошкиот завод. Во текот на дводневното истражување пронајдовме големи количества остатоци од пешадиско оружје. На дното од езерото имаше 3 пушки, бајонети, шлемови, делови од гранати и бомби кои со децении лежат таму. Според стручни извори, дел од остатоците се од Првата светска војна, а дел од Втората светска војна, што лесно се утврдува според обликот и изгледот на оружјето. Според локални извори пак, во текот на војните на тоа место имало фронт, па оние што се повлекувале по изгубената битка го фрлале оружјето во вода за истото да не биде искористено против нив. Пронајдените остатоци ги пријавивме во надлежни институции, во Дирекцијата за заштита и спасување, како и во полицијата.

За нивно отстранување и евентуално понатамошно истражување потребно е да се ангажира тим обучен за подводно деминирање. Во водите забележавме пастрмка. 

pelister_5.jpg

Ни беше кажано дека езерото е вештачки порибено пред десетина години. Од локалните жители слушнавме и дека во езерото живее некој вид ендемичен рак, кого не го сретнавме во водата. Она што го забележавме е присуство на некаков вид црвен планктон кој ја намалуваше подводната видливост на три до четири метри, а на водата и даваше изразита црвена нијанса. Општиот впечаток беше дека во езерото нема други жители, или ако има, тие се присутни со многу мала популација. Ние како нуркачки клуб им стоиме на располагање на надлежните институции за каква било активност за која сме соодветни. Но, езерото од оружје треба да го исчисти тим за подводно деминирање, ние не сме обучени за тоа. исто така не смееме да земаме примероци од живиот свет, освен ако тоа не е по барање на институт.

 подготви: Леонида Пенка БаШа

Испрати коментар

Scroll To Top