Насловна / Архитектура / ААМ објави Јавен повик за доделување на Голема годишна награда за 2018 год

ААМ објави Јавен повик за доделување на Голема годишна награда за 2018 год

Асоцијација на архитекти на Македонија – ААМ објави Јавен повик за доделување на Голема годишна награда за 2018 год.
Големата годишна награда на ААМ, согласно чл. 41 од Статутот на ААМ и Правилникот за додела на наградата, се доделува за најуспешно реализирано архитектонско дело за тековната календарската година.
Право на учество имаат сите архитекти со завршен VII степен на образование.

Заинтересираните архитекти за учество треба да достават:
Папка А4 или А3 формат со следната содржина:
• Текстуален дел
– Пополнета Пријава
– Овластување на проектантите
– Техничко образложение
• Графички прилози
– Извод од план (графички дел), ситуација (размер 1:500; 1:200), основи на приземје и катови, пресеци (размер 1:100; 1:200) и фотографии од објектот
CD со сите материјали и прилози содржани во папката.

Папката и CD-то се доставуваат до канцеларијата на ААМ, на ул.:“Даме Груев“ 14а, Скопје, секој работен ден од 9:00 до 13:00 часот.
Папките не се враќаат на учесниците, остануваат архивирани во канцеларијата на ААМ.

Рокот за предавање е до 07.12.2018 год. до 13:00 часот.

Пристигнатите трудови ги селектира, оценува и донесува одлука за добитникот на наградта петчлено жири составено од афирмирани архитекти, членови на ААМ.

Напомена: Учесниците во проектот кои не се членови на ААМ за учество плаќаат котизација во износ од 3.500 денари од пријавен труд.LOGO_1

Испрати коментар

Scroll To Top