Насловна / Вести / Велосипедистите ќе „шибаат” по нова патека

Велосипедистите ќе „шибаат” по нова патека

Се асфалтира новата велосипедска патека на кејот на реката Вардар, која се протега од Транспортниот центар до мостот кај хотелот “Холидеј ин”.

Од градската управа истакнуваат дека патеката е долга 1.050 метри, а широка четири метри и дека се работи на две делници, од кои едната се протега од Транспортниот центар до мостот кај Народна банка, а втората патека е од кејот кај Народна банка до мостот кај хотелот “Холидеј ин“.

“На старата патека, која оди до мостот кај Народна банка и е долга 720 метри, се реконструираат оштетените или искршени иплочки, а се порамни и самиот терен. На кејот од мостот на Народна банка до хотелот “Холидеј ин“ немаше ваква патека, па прво се направи ископ, се стави бетонска основа која ќе се асфалтира, како и рабници. Оваа патека е долга 330 метри“, објаснуваат од Градот. Тие додаваат дека ќе се постават и рампи широки метар и половина до скалите на кејот за лицата со посебни потреби.

Од градската управа велат дека е избран најповолниот понудувач за изградба на велосипедската патека од рибарската куќичка на кејот на Вардар во населбата Аеродром до мостот “Близнак“. Се чека да заврши рокот за жалба за да може да се прави и таа патека.

 

К.С.
Објавено во број 94.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top