Насловна / Вести / НА „АХИТЕКТУРА СКОПЈЕ 2008”: Големата награда за Минас Бакалчев и Митко Хаџи-Пуља

НА „АХИТЕКТУРА СКОПЈЕ 2008”: Големата награда за Минас Бакалчев и Митко Хаџи-Пуља

Image

Наградата е доделена за Македонско – италијанскиот мултимедијален едукативен центар во склоп на Филолошкиот факултет “Блаже Конески”.

Архитектите Минас Бакалчев и Митко Хаџи – Пуља се гподинешните добитници на Големата награда “Архитектура Скопје 2008” за Македонско – италијанскиот мултимедијален едукативен центар во рамките на Филолошкиот факултет “Блаже Конески” во Скопје, реализиран годинава. Оваа награда за посебен придонес во архитектурата на главниот град годинава по јубилеен, десетти пат ја додели Град Скопје во рамките на одбележувањето на 13 Ноември.

Претседателотѕ на оценувачката комисија, архитект Влатко П.Коробар нагласи дека авторите успешно одговориле на сложениот архитектонски предизвик да се гради во контекстот на еден од најзначајните објекти на постземјотресната изградба на Скиопје. Доградбата суптилно се надоврзува на постојниот објект почитувајќи го неговиот дух, но и воспоставувајќи сопствен интегритет. На АСК плакета за посебен придонес во архитектурата на Скопје доби Лазар Димов за проектот “Есеј за кеј”. Признанија за посебен придонес во архитектурата на Скопје им се доделени на Виолета Бакалчев за проект за станбено – деловен објект на улица Чедомир Миндеорвиќ и на Јовица Стефановски од “Јасива” за авто салон и сервис “Маккар”на улица Скупи.

Годинава за Големата награда на АСК конкурираа 16 трудови, од кои селекторот Мартин Гулевски издвои 10 кои се изложени во Музејот на град Скопје. Во конкуренција за наградата на АСК беа и станбено деловен објект на авторот Славбица Негриоска, аптека “Оксиген фармација” на архитектите Никола Стрезовски и Анета Николова, внатрешното уредување и дизајн на индивидуален стан “Шест во едно” на авторите Дејан Секуловски, Дејан Спасеновски и Илија Божиновски, “Урбан хотел” на студио “Платформа”, проект за реконструкција на станбена зграда во деловен објект на архитект Марина Мичиќ и проектот за надградба на ГТЦ на студиото “Лоутек”.

Во рамките на АСК 2008 во Музејот на град Скопје е поставена и изложба “Меморирање на традицијата” со слики од старата чаршија и повеќе дела од познати македонски автори како Мртиновски, Пандилов, Коџоман, Анастасов и други.

 

С.В.
Објавено во број 94.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top