Во Прилеп се работи на поставувањето нови тротоари и обележувањето на пешачки патеки. Станува збор за улиците „Самоилова“ и „Трајко Николоски“.
Со поставувањето на бекатон плочки и средувањето на тротоарите на овие сообраќајници се очекува значително да се олесни движењето на пешаците.
Ваквиот тип на инвестиција чини 2.639.617,оо денари, средства обезбедени од локалната самоуправа.