Дизајниран од страна на украинската архитектка Настја Антониук, овој стан дава чувство за многу поголем простор од неговите скромни 43 м2.

Целиот простор е организиран околу мат-црната структура на која се поставени телевизорот, малата домашна библиотека како и тв-комодата, која на неа има еден интересен жолт детал.

Кај овој стан е интересно тоа што целиот се наоѓа во еден единствен простор, со исклучок на бањата. Двојниот брачен кревет е поставен така што со ништо не е затскриен и не е во нималку поинтимен дел од дневната соба.

Кујната и трпезаријата, како и дневната и делот од спалната, меѓусебно се одвоени само со наизменична употреба на белата и црната боја.








Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија