Дизајнирањето на ентериерите на малите станови секогаш ја исцрпува најолемата креативност од архитектите, па така, за да се добие еден успешен проект за мал стан потребно е големо креативно залагање на архитектот.

Овој мал стан е дело на дизајнерскиот тим од руското студио Solo Design, а се наоѓа во Волгоград, Русија. Наменет за млад брачен пар, овој стан побарува од архитектите јасна дефиниција на внатрешните зони.

Секој различен простор се одликува со различна естетика, форма, функција и боја од другиот, наместа со паметна комбинација и координација на карактеристиките обединети во еден заеднички простор.

Користејќи прекрасни материјали, бои и текстури, овој стан единствениот простор лесно го трансформира во поделен простор од кој се издвојува (по потреба) делот во кој е сместена спалната соба.








Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија