Насловна / Вести / Ќе биде ли кафето достапно и по 2050 година?

Ќе биде ли кафето достапно и по 2050 година?

Kafe

Една од важните теми на неодамна одржаниот Светски економски форум во Давос, беше иднината на производството на храна. На оваа конференција, укажано е на значењето на почитувањето на принципот на одржлив развој и фактот дека за 30 години потребата од храна во светот ќе биде 60% поголема од денес. Во светот, секоја секунда 5.500 луѓе уживаат во шолја кафе. Но, задоволството на пиење на омилениот црн напиток во блиска иднина може да биде доведено во прашање, поради климатските промени, болестите кај растенијата, лошите техники на одгледување и глобалниот тренд на преселби од рурални во урбани подрачја.

Kafe Tanzanija

Студијата на компанијата „Нестле“, која е фокусирана на зрното Арабика, предвидува дека до 2050 година, поради глобалното загревање, површината на која се одгледува кафе во Бразил може да се намали за четвртина, што секако ќе предизвика сериозно зголемување на цената. Од друга страна, земјоделството може да се соочи со сериозни предизвици поради жештините кои можат да го намалат квалитетот на посевите и да ја интензивираат појавата на штеточини и болести.

coltivazione brasile essicazione cultivation drying

Меѓутоа, има и добри вести. Ваквото сценарио би било реално само доколку кафето не се одгледува на одржлив начин. За да се зачува иднината на кафето, заеднички напори вложуваат Мрежата за одржливо земјоделство, Заедничкиот код за заедницата на кафе и Алијансата за прашуми. Тие здружено работат на промовирање на одржливи практики во одгледувањето на кафе.

 

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top