Насловна / Вести / Илјада километри пат со соларни панели!

Илјада километри пат со соларни панели!

Француската влада објави дека ќе поплочи илјада километри пат со издржливи, фотонапонски панели кои ќе овозможат соларна енергија за пет милиони луѓе ширум земјата.
Проектот ќе биде завршен за пет години, а е соработка меѓу Француски патишта, компанијата за инфраструктурни решенија Colas и Националниот институт за соларна енергија.solarni paneli vo francija za pat_1
Ова ќе биде првпат да се инсталираат соларни панели на патишта во толкава мера, а целта ќе биде да се овозможи обновлива енергија за 8% од француското население. Самите панели се технолошки супериорни, со дебелина од 7 милиметри и дожина од 15 сантиметри, а се изработени од тенок филм на поликристален силикон.solarni paneli vo francija za pat
Нивната издржлива структура ќе значи дека врз нив без проблем ќе можат да се движат возила од секаков вид, без притоа да се направи каква било штета. Панелите се водоотпорни и лесно се адаптираат на температурни промени. Бидејќи лесно можат да се постават врз веќе постоечките патишта, инфраструктурата нема да трпи промени, што значи ќе има и помалку трошоци.solarni paneli vo francija za pat_2
Тестовите покажале дека патентираниот дизајн на панелите трае колку и обично поплочување, отприлика 10 години. На места каде што нема голема фреквенција на возила, ќе издржат и до 20 години.
Доволно се 4,5 метри од овие панели на патот за да се обезбеди електрична енергија за едно домаќинство, без греење.

Испрати коментар

Scroll To Top