Архитектонското студио Stefano Boeri Architetti објави дека по добиениот конкурс планира да изгради објект во Швајцарија кој воедно ќе претставува вертикална градина.
Резиденцијалната кула којашто е висока 117 метри, ќе биде покриена со преку 100 разновидни дрвја и грмушки кои ќе произведуваат кислород и ќе го прочистуваат воздухот. Сличен ваков проект архитектонското биро реализираше во Милано во текот на минатата година преку проектот за објектот Bosco Verticale.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија