Насловна / Вести / БП се уште ја плаќа штетата за катастрофата во Мексиканскиот залив

БП се уште ја плаќа штетата за катастрофата во Мексиканскиот залив

Britis petrol katastrofa vo Meksik.zaliv

British Petroleum ќе плати казна повисока од 20 милијарди УСД за скоро сите тужби за излевањето на нафтата во Мексиканскиот залив во 2010 година, што претставува најголема корпоративна спогодба од овој вид во историјата на САД. Спогодбата која предвидува плаќања во наредните 18 години, вклучува 7,1 милијарда УСД за надомест на штетата за природните ресурси, 5,5 милијарди УСД казна според Законот за чиста вода, и 4,9 милијарди УСД за исплата на петте засегнати држави.

Britis petrol posledici od zagaduvanje vo Meksikanskiot zaliv

Компанијата веќе од порано издвои 43,8 милијарди за исплата на казнените и граѓанските тужби како и за трошоците за чистење на заливот. Вкупните трошоци веќе надминаа 50 милијарди УСД, велат од BP. Со парите кои ќе бидат исплатени на петте држави, сојузната влада и бројните општини, ќе бидат финансирани проекти за чиста животна средина. Се работи за најголема казна во историјата која една нафтена компанија  ја исплатила за еколошка хаварија.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top