Насловна / Вести / Изложба на Мирослав Масин во Прилеп

Изложба на Мирослав Масин во Прилеп

изложба на масин во прилепВо галеријата од Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп вечер од 19.30 часот ќе биде отворена изложба на слики од уметникот Мирослав Масин, во рамки на одбележувањето на националниот празник „11 Октомври“.

Според информациите од Центарот за култура „Марко Цепенков“ уметникот првпат го претставува своето творештво во Прилеп.

Досега уметникот Мирослав Масин во богатата уметничка кариера остварил преку 50 самостојни изложби во земјава, во Србија, Црна Гора, Словенија, Италија, во Велика Британија, во Германија, Бугарија и Франција.

Испрати коментар

Scroll To Top