Судирот на Блискиот исток го зајакнува глобалното поместување кон безбедноста, довербата и диверзификацијата како клучни фактори при изборот на енергетски проекти и партнери, заедно со трошоците и еколошкото влијание, се вели во извештајот „Светски енергетски вложувања 2026“ на Меѓународната агенција за енергетика (IEA). Промената ќе има широки импликации на горивата и технологиите на кои земјите им даваат приоритет. Се очекуваат трајни импликации на идните инвестициски проекти, посебно во Азија и на Блискиот исток, каде најсериозно се почуствува блокадата на Ормутскиот теснец.

Прелиминарните податоци покажуваат дека дека примената на обновливите извори на енергија се зголемува на некои пазари кои се тешко погодени од енергетската криза. IEA очекува инвестициите во снабдување со електрична енергија и инфраструктура да забележат значителен раст до крајот на годината.
Како и кај претходните енергетски шокови, многу влијанија ќе станат видливи дури подоцна. Околу 3/4 од очекуваните енергетски вложувања во 2026 година се базирани на одлуките донесени пред почетокот на актуелниот судир, истакнуваат авторите на извештајот. И покрај повисоките цени на нафтата, се очекува инвестициите во нафта да паднат трета година по ред во 2026 година, и тоа под 500 милијарди долари. Но, се очекува инвестициите во природен гас да пораснат на 330 милијарди долари, што е највисоко ниво во последната деценија, со поддршка на бранот нови проекти за ивоз на ТПГ, се вели во извештајот.

Се очекува инвестициите во проекти од обновливи извори на енергија да изнесуваат околу 665 милијарди долари во 2026 година. Инвестициите во нуклеарна енергија ќе надминат 80 милијарди долари.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија