Португалија и Грција повторно се во центарот на вниманието кога станува збор за најдобрите плажи во Европа, но титулата за 2026 година му припаѓа на eдно неочекувано, но сосема заслужено место – плажата Monte Clérigo на југозапад на Португалија.
Според изборот на организацијата European Best Destinations, ова место е прогласено за најдобра плажа во Европа, благодарение на совршената рамнотежа помеѓу недопрената природа, автентичната атмосфера и дискретниот, ненаметлив луксуз.

Monte Clérigo
Сместен во заштитеното подрачје на природниот парк Costa Vicentina, Monte Clérigo делува како да останала надвор од времето. Дивиот Атлантик, моќните бранови и бескрајниот хоризонт создаваат пејзаж кој е истовремено сиров и хипнотизирачки. Ова е локацијата за оние кои бегаат од комерцијалните одморалишта и бараат нешто поискрено – природа без филтри.
Во текот на денот, плажата се менува во ритамот на морето: во еден момент совршена за сурфери и зависници од адреналин, а следниот трансформиран во мирни природни базени и плитки води кои изгледаат речиси медитативни.

Monte Clérigo
Во околината има и модерни, минималистички вили кои нудат чувство на луксуз, но без претенциозност и по цени значително пониски отколку во добро познатите португалски дестинации како Comporte. Токму овој контраст помеѓу едноставната природа и суптилниот луксуз и дава на Monte Clérigo посебна привлечност.

Voutoumi
Сепак, иако Португалија доминира на врвот, Грција и понатаму останува неприкосновена кога станува збор за европските плажи. Дури пет места во топ 10 припаѓаат на грчки локации.

Fteri
На второ место е спектакуларната плажа Voutoumi на островот Антипаксос, позната по својата неверојатно тиркизна вода. Третото место го зазема Fteri на Кефалонија, обрабена со драматични бели карпи. На четвртото место е Elafonisi на Крит, позната по својот розов песок, додека топ 5 ги затвора италијанската плажа Bogliasco во близина на Џенова.

Elafonisi
Заклучокот е јасен – Европа сè уште има плажи кои изгледаат нереално, но Monte Clérigo се издвојува како симбол на нова дефиниција за луксуз: природа, мир и автентичност.

Bogliasco
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија