Во романскиот дел на Црно Море, започна изведбата на една од најсложените фази на проектот Neptun Deep, а тоа е поставувањето на подморскиот гасовод со кој ќе се поврзе идната производна платформа со брегот во близина на Констанца. Со тоа, проектот кој со години е најавуван како клучна енергетска инвестиција на Романија, влегува во фаза на видлива изградба на море, пред планираниот почеток со производство во 2027 година.

Станува збор за клучен дел од проектот вреден околу 4 милијарди евра, кој Романија го гледа како еден вид јакнење на безбедноста на земјата и поширокиот регион. Кога во 2027 година ќе започне производството, се очекува годишна испорака на околу 8 милијарди кубни метри природен гас, што ќе ја етаблира Романија меѓу најголемите производители на природен гас во ЕУ. Подморскиот гасовод ќе биде долг приближно 160 километри. Инфраструктурата на проектот опфаќа платформа за производство на гас во Црно море, три подморски системи и десет производни бушотини. Четири бушотини веќе се избушени на полето Pelican South, додека работите продолжуваат на полето Domino, едно од најголемите наоѓалишта во склоп на проектот. Оваа фаза од реализацијата на проектот ангажира сериозни капацитети во специјализирана опрема и бродови во Црното море. Проектот со години бил одложуван поради регулаторни прашања, даночни услови и промени на енергетскиот пазар, но енергетската криза го потенцираше неговото значење.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија