Насловна / Архитектура / Мик Џегер и Ерик Клептон запреа изградба на кула покрај Темза

Мик Џегер и Ерик Клептон запреа изградба на кула покрај Темза

Познати личности од Велика Британија, меѓу кои и фронтменот на „Ролинг Стоунс“, Мик Џегер, успешно ги оспорија плановите за изградба на 29-катна кула на брегот на реката Темза во британската престолнина.

Џегер, заедно со колегата рокер Ерик Клептон, актерката Фелисити Кендал и комичарот Хари Хил, две години се бореа со инвеститорот Роквел Проперти околу нивниот план за изградба на 100-метарска висока зграда веднаш до мостот Батерси.

Доколку кулата беше изградена на јужниот брег на Темза во југозападен Лондон, ќе можеше да парира на висината на познатите оџаци на електричната централа Батерси, овековечени на обвивката на албумот „Енималс“ на Пинк Флојд од 1977 година.

Клептон: „Тие се тука само за пари“

Сер Мајкл Филип Џегер, (82), кој поседува куќа на северниот брег на Темза од почетокот на 1960-тите, како и неговиот колега од бендот Кит Ричардс, рече дека кулата „нема смисла“ и дека е „целосно погрешна на секое ниво“.

Во март, Џегер изјави за дигиталниот медиум Челзи Ситизен дека живее во областа долго време и е загрижен што ќе се случи со неа. „Ако ова продолжи, тоа би можело да доведе до изградба на повеќе високи згради… менувајќи го овој прекрасен дел од брегот на Темза засекогаш“.

Славниот гитарист и кантавтор Ерик Клептон, (81), предупреди дека доколку бидат одобрени, плановите ќе им дадат „слобода на сите други инвеститори да градат кули покрај реката“. Тој додаде: „На овие инвеститори не им е гајле што мисли некој. Тие се тука само за пари“.

Компанијата „Роквел Проперти“ првично го предложила проектот One Battersea Bridge со кула од 34 ката, која подоцна беше намалена на 110 станови, вклучувајќи 54 пристапни домови, заедно со подземен паркинг и мешавина од комерцијален простор. Инвеститорот тврдел дека проектот ја решава „итната потреба за ново, висококвалитетно домување“ во Лондон.

Општинскиот совет на Вандсворт Лондон ги одбил плановите, наведувајќи ја „прекумерната висина и габарити“ на проектот, додавајќи дека тој би „претставувал неприфатлива и неуедначена трансформативна промена во рамките на локацијата што значително би наштетило на нејзиниот просторен карактер“.

Исто така, наведено е дека кулата ќе ја наруши силуетата на градот и ќе ги „уништи“ животите на соседите. Управата на административната област на Голем Лондон (Greater London) ја поддржа оваа одлука на советот, објави „Гардијан“ во саботата.

Јавната расправа траела осум дена

Компанијата Роквел поднела жалба, но без успех. Урбанистичката инспекторка Џоана Гилберт го поддржала ставот на локалните власти и противниците на проектот минатата недела, оценувајќи дека кулата ќе има „негативно влијание врз карактерот и изгледот на локалната област“ и дека ќе изгледа „доминантно и наметливо“.

По осумдневната јавна расправа, инспекторката Гилберт изјави: „Предлогот би му наштетил на карактерот на градскиот пејзаж во неколку идентификувани погледи од различни насоки и различна оддалеченост. [Би бил] повисок и погломазен од другите постоечки згради, што ќе го направи многу впечатлив. Предлогот би предизвикал драматична промена на силуетата на градот гледано по должината на овој дел од кејот [на Темза]. Генерално, оваа промена би била штетна.“

Инспекторката додаде: „Предлогот не е соодветен, извонреден, забележлив или препознатлив, само е висок. Нема би ја красел лондонската силуета и не бил дел од група високи згради, туку би делувал туѓо и изолирано во самата своја висина на оваа локација, штетејќи на просторниот карактер.“

А што вели инвеститорот на тоа?

Роквел во соопштение велат: „Очигледно сме разочарани од одлуката бидејќи цврсто веруваме во овој проект за регенерација. Сакавме да го видиме реализиран и направивме голем број измени во плановите по повратните информации на јавноста.“

Инвеститорот додаде: „Не правевме компромис во однос на квалитетот, ангажирајќи ја светски познатата архитектонска фирма Farrells, па затоа е разочарувачки што инспекторката не го дели нашето мислење дека ова би било одличен додаток на лондонската силуета.“

Домување покрај брегот

Проектот One Battersea Bridge од архитектонското студио Farrells, замислен е како витка станбена кула со заоблен стаклен волумен што би ја заменила постојната деловна зграда Glassmill. Инвеститорот го претстави проектот како ново орјентир на влезот во Батерси, додека противниците тврдеа дека зградата ќе изгледа изолирана и надвор од контекстот на околното урбано ткиво.

Овој случај уште еднаш покажа колку во Лондон и понатаму е чувствителен односот помеѓу притисокот за развој на нови станови и заштитата на препознатливата панорама на Темза.

Испрати коментар

Scroll To Top