Повеќе од 80 дизајнери редизајнирале куќички за птици за изложбата на MAD Brussels во Белгија, со дизајни кои се движат од минијатурен тапациран замок до дрвена куќичка дизајнирана да не го повреди дрвото.

Наречена „Доме, слтки доме“, изложбата е отворена оваа недела во белгиската престолнина за време на градскиот саем за колекционерски дизајн.
Учествуваат 83 соработници од Белгија и странство, меѓу кои Marcelis, Lee and Lamb, како и Philippe Malouin, Wang & Söderström и Bethan Laura Wood.

Bethan Laura Wood
Изложбата, која ја курира стилистката и новинарка Connie Hüsser, има за цел да ги поттикне посетителите да размислат повеќе за идејата за дом и што значи тој концепт.
„Мал предмет како птичјо гнездо може да евоцира цел свет“, рече уметничкиот директор на MAD Brussels, Dieter Van Den Storm: „Истовремено е и кревок и силен, исто како и самата идеја за дом.“

Многу од изложените дела совршено го отелотворуваат визуелниот јазик на нивните творци, потсетувајќи на минијатурни верзии на нивните препознатливи дизајни.
На пример, „Влакнестата куќичка за птици“ на Lee ја прикажува работата на јужнокорејскиот дизајнер со јажиња и конец, додека куќата со стрм кров на Wood има шарен дезен што љубителите на делата на дизајнерот ќе го препознаат.

Kwangho Lee
Француската дизајнерка Jenna Kaës изработила куќичка за птици од тапациран материјал што личи на темен замок од бајките, додека дизајнот на Jochen Holz, кој живее во Лондон, изработен е од дувано стакло со органска форма.

Jenna Kaës
За Hüsser, оваа мешавина од стилови била важен дел од изложбата, а на крајот ги избрала дизајнерите соработници – од кои многумина и се лични пријатели – врз основа на работата што веќе ја работеле и како тоа ќе се претвори во куќичка за птици.

Hüsser им се обратила на луѓето на Инстаграм и само едно лице ја одбило, иако не го открива идентитетот на дизајнерот.
„Сите беа пресреќни и сакаа да го покажат тоа што го сметаат за куќичка за птици“, објасни на отворањето на изложбата во Брисел. „Само едно лице нè одби – рече: Ги мразам птиците!“

Bertjan Pot
Широкиот спектар на дизајнери кои учествуваа резултирал со куќички за птици направени од необични материјали, како што е прекрасната, но непрактична куќичка за птици од смола на Marcelis, која не може да се закачи на дрво, и стилскиот дизајн со тафт на Shishi San, кучичка што личи на чајник.

Shishi San
„Доме, слатки доме“, која е проширена од претходната верзија на изложбата во VitraHaus, исто така претставува мешавина од етаблирани и млади дизајнери.
„Повеќе ги поддржувам младите дизајнери бидејќи тоа е всушност мојата главна дејност, да ги поврзам младите дизајнери со големите компании“, вели Hüsser.

Sabine Marcelis
Радоста на изложбата лежи во откривањето што дизајнерите замислуваат како куќичка за птици и да се види како го истражувале концептот.
Иако постојат буквални толкувања, како што е вистинско птичјо гнездо направено од месинг и бакар од дизајнерот Juri Roemmel, другите дела евоцираат птици повоопштено.

Тоа ја вклучува и скулптурата на Lamb, која морала да биде донесена од Јапонија и потсетува на гранки за птици, а не на куќичка за птици, црпејќи инспирација од неговата работа со 3Д плочки за Tajimi Custom Tiles.

Max Lamb, жолтата лево
Malouin во меѓувреме, заедно со финскиот бренд Vaarni, дизајнираше куќичка за птици која не бара употреба на шајки за прицврстување, туку може да се врзе околу стеблото на дрвото.
„Тој не сакаше да го повреди дрвото“, објасни Hüsser.

Philippe Malouin

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија