Насловна / Вести / Изгубени години здрав живот – дали пластиката ќе нè разболи до 2040 година

Изгубени години здрав живот – дали пластиката ќе нè разболи до 2040 година

Загадувања што се лоши за нашето здравје доаѓаат од стакленички гасови, загадување на воздухот, како и токсични хемикалии и употреба на пластика во секојдневниот живот, е заклучокот на бројни истражувачки студии.

Истражувањето, објавено во списанието Lancet Planetary Health, ги издвоило негативните последици што влијаат на нашето здравје. Секоја фаза од нашиот животен циклус е под влијание на загадувањето со пластика: од вадење на фосилни горива и производството на материјали до нивното одлагање во животната средина.

Како резултат на овие загадувања, се јавуваат респираторни заболувања, рак, алергии… низа различни болести.

Тим истражувачи од лондонскиот универзитет LSHTM, како и Универзитетот во Тулуз користел моделирање за да споредат неколку различни сценарија за производство, потрошувачка и контрола на пластичен отпад помеѓу 2016 и 2040 година.

Истражувањата на научниците не упатуваат на фактот дека негативните здравствени ефекти од пластиката би можеле да се удвојат.

Загадувањето на воздухот и се помала достапност на извори на вода

Истражувачите забележуваат дека ова е една од првите студии што го анализира бројот на години здрав живот „изгубени“ поради загадувањето со пластика во светот. Доколку ништо не се промени, здравствените последици би можеле да се зголемат до 2040 година.

Авторката на студијата, Меган Динај, истакнала дека вината често се префрла на индивидуалните потрошувачи на пластика, но сите ние имаме важна улога во намалувањето на употребата на пластика, со цел да се минимизира проблемот со загадувањето. Анализата покажува дека е потребна законска промена кога станува збор за употребата на пластика.

Пластиката сериозно го загрозува здравјето на луѓето и екосистемите, а ризиците честопати се потценуваат. Најголем проблем се микро и нанопластиката, како и хемикалиите како што се фталат, бисфенолите и ПФАС соединенијата.

Со сегашното темпо, производството на пластика би можело да се зголеми тројно и да надмине милијарда тони годишно до 2040 година.

Светскиот фонд за диви животни предупреди дека сламките и другиот пластичен отпад претставуваат ризик за животните доколку не се отстранат правилно, бидејќи многу морски животни ги мешаат со храна.

Испрати коментар

Scroll To Top