Најголемата соларна електрана во Хрватска се гради во околината на Шибеник. Ќе има повеќе од 300.000 фотонапонски модули на две полиња. На три милиони квадратни метри, двете соларни полиња ќе произведуваат доволно електрична енергија за речиси 90.000 домаќинства.

И додека работите се во полн ек, мештаните подетално се запознаваат со проектот. Некои од нив се незадоволни и загрижени. Проектот би требало да обезбеди десетина нови вработувања, а општината годишно ќе остварува приход од околу 400.000 евра. Проектот вреди 115 милиони евра и во развој е речиси 10 години, а клучниот чекор е изградбата на трафостаница од 400kV, која ќе биде прва од ваков вид изградена во тој регион по Медитеранските игри. Пробната работа и комерцијалната работа на оваа електрана се планирани за летото 2027 година.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија