Сè уште визионерска и ексцентрична како што била кога е изградена во 1920-тите, Rietveld Schroder House на холандскиот архитект Gerrit Rietveld (1888-1964), продолжува да ги импресионира архитектите и дизајнерите на ентериер со своите иновативни решенија за истакнати дизајнерски прашања од своето време.

Флексибилноста на внатрешните простори и очигледниот планиран квалитет на куќата ѝ даваат предност што ја прави препознатлива и единствена на секое ниво.

Куќата Schroder е единствената градбаа што е проектирана во целосен склад со стилот De Stijl, кој е карактеристичен по основни бои и чисти идеи.

Основано во 1917 година, движењето го добило името по списание кое станало највлијателниот глас за идеалите на модерната уметност и архитектура во Холандија; меѓу другите познати личности од движењето De Stijl се Рiet Mondrian и J.J.P. Oud. Групата уметници и архитекти „барала универзално, додека индивидуалното губело на значење… апстракција, прецизност, геометрија, стремеж кон уметничка чистота и строгост“.

По смртта на г-дин Schroder, неговата сопруга почувствувала потреба да се пресели во помала куќа со нивните три деца, каде што ќе живее до нејзината смрт во 1985 година. Куќата Schroder на приземје и кат, содржи трансформирачка кујна/трпезарија/дневна соба, студио и читална во прземје, а на катот се наоѓаат спални соби и простор за складирање, одделени само со преносни прегради.

Флексибилноста на просторот значи дека на основата нема хиерархиски распоред на собите. Склопливите ѕидови на горниот кат, поставени околу централни скали, проектирани се за да им овозможат на децата можност да се вовлекуваат преградите во текот на денот за да се добие отворен простор за игра и да се затвораат ноќе за приватни спални соби.

Трите критериуми што г-ѓа Schroder ги навела за собите за нејзините деца се дека креветот треба да може да се смести во две различни позиции, секоја соба треба да има пристап до водовод и канализација и сите треба да имаат врата за директен пристап надвор.

Rietveld добро ги испланирал овие детали и истакнати се и во обликувањето, како што се специфичните бои за да се разликуваат различните простори или функции. Интересен пример за ова е влезната врата, каде што е употребена црна боја бидејќи Rietveld очекувал дека ќе биде најпрометна и затоа лесно ќе се валка.
Во почетокот сметана за периферија на Утрехт, парцелата на која е изградена куќата пружала само неколку погледи вредни за врамување.

Очигледно е дека архитектот имал претходно искуство во изработка на мебел, особено кога се забележуваат деталите и функционалноста на мрежата на прозорот, преносните прегради и масата направена за децата.

Она што ја прави Schroder House икона на модерното движење е нејзиниот радикален пристап кон дизајнот, употребата на просторот и чистотата на нејзините концепти и идеи претставени во движењето De Stijl. Нејзиниот трансформативен квалитет на рамномерно усогласени простори составени од независни рамнини совршено ги исполниле целите на De Stijl.

Како и со неговите рани столчиња, Rietveld им дал ново просторно значење на правите линии и правоаголните рамнини на различните архитектонски структурни елементи, плочи, столбови и греди, кои се во избалансирана целина.

Конструкцијата на куќата е од армирано-бетонски плочи и челични столбови. Ѕидовите се направени од тула и гипс; рамките на прозорците, вратите и подовите се направени од дрво. За да се зачуваат строгите стандарди за дизајн за рамнини што се сечат, прозорците можат да се отворат само под агол од 90 степени во однос на ѕидот.

Денес Schroder House е национално културно наследство според Законот за споменици и историски градби од 1988 година [Monumentenwet 1988] во Холандија. Во планот за зонирање на Општина Утрехт, означена е како објект што служи за „целите на заедницата“.

Куќата ја управува и одржува Централниот музеј, општинскиот музеј на Утрехт, во консултација со Rietveld Schröderhuis Foundation.

Максималниот број на посетители што можат да бидат во куќата во исто време – под надзор – е 12. Со оглед на моменталното работно време, тоа значи дека куќата прима околу 12.000 посетители годишно.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија